Венечки мост () или Турски мост (Τούρκικο Γεφύρι) — стар камен мост кај селото Венци, Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот преминува рекичка, притока на Бистрица. Се наоѓа на надморска височина од 626 м, веднаш источно од Венци. Изграден е во 1814 година и го поврзува Венци со соседните села Агалуш и Саракин. Активно се користел сè до 1960-тите.
Има еден полукружен лак. Има должина од 9 м, висина од 4,5 м, со распон на лакот од 4,2 м. Има ширина од 3,8 м (од кои 2,4 м отпаѓаат на коловозот), бидејќи уште од почетокот бил предвиден за запрежни коли.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1814 година