Магерски мост () — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија. Мостот се наоѓа на патот меѓу селата Магер и Лунци кој потоа води за Гребен. Ја преминува Магерска Река (Магериотикос), притока на Праморица. Изграден е во 1910 г. од Николаос Бабалис и Павлос Мурѕиос. Цената на чинење изнесувала 75 златни лири обезбедени од Николаос Косма Ѕамос, митрополитот Јеротеј Сисаниски и месните жители.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1910 година во Македонија