Шитторф (; ) — мал град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Шитторф е најстар град во округот, сместен близу границата со Холандија и покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Географија Местоположба
Шитторф се наоѓа во крајниот југозападен дел на покраината Долна Саксонија, оддалечен околу десет километри од границата со Холандија. Градот се наоѓа помеѓу културните области на Емсланд и Вестфалија. Околината на градот е земјоделска.
Низ градот во насока југоисток-северозапад поминува реката Фехте, која продолжува во Холандија. Највисока точка во градот е 48 метри.
Соседни општини
Градот Шитторф како дел од истоимената општинска заедница се граничи со другите членови на заедницата: Замерн на југоисток, Квендорф на северозапад и Енгден на север. Во рамки на округот, Шитторф се граничи со Бад Бентхајм на запад. На исток, градот се граничи со соседниот округ Емсланд (општината Емсбирен).
Клима
Шитторф има средноевропска клима. Просечна годишна температура изнесува 8,5 степени, додека просечниот притисок изнесува 1.015,2 хектопаскали, додека просечните годишни врнежи изнесуваат 700 до 800 милиметри. Климата е субатлантска со свежи зими и релативно топли лета.
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 31 избран член, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. Dezember 2016. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
Партии и листи Удел Места CDU Демохристијански сојуз на Германија35,4811 SPD Социјалдемократска партија на Германија33,2810 Grüne Сојуз 90/Зелени16,285 FDP Слободна демократска партија4,562 SL Шитторфска листа4,181 AfD Алтернатива за Германија4,121 Linke Левица2,091* Вкупно 100 31 Излезност = 54,23 %*Кандидатот на Левица по изборите излегол од неговата партија и се приклучил на Зелените.
Градоначалник
Градоначалник од ноември 2016 година е Јерн Тихтер (CDU).
Список на градоначалници Градоначалник Период Франц Шојрман (подоцна CDU) 28 февруари 1924 – октомври 194215 февруари 1946 – 14 септември 19461952 – октомври 1956 Арнолд Хорстмајер (NSDAP) октомври 1942 – април 1945(поставен од партијата) Бернхард Ферволд април 1945 – 25 јануари 1946(поставен од британската воена влада) Ерих Кортман 1946–1949 Јохан Венинг (SPD) 5 јануари 1949–1952октомври 1956 – 16 октомври 1972 Херман Бринкман (SPD) 16 ноември 1972 – 14 ноември 1988 Карл-Хајнц Драјер (SPD) 16 јануари 1989 – 8 ноември 2006 Томас Михаел Хамерлик (CDU) 8 ноември 2006 – 7 ноември 2016 Јерн Тихтер (CDU) од 7 ноември 2016
Збратимени градови
Шитторф е збратимен со следниве градови:
Твентеранд, Холандија (до 2005 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Грофовија Бентхајм (округ)