Хисарски мост () — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Се наоѓа на сариот пат меѓу гребенските села Радуништа и Хисар. Ја преминува Гребенска Река, околу еден километар под Хисар. Падините на планината се стрмни, а местото е обраснато со дабови. Изграден е во XVIII или XIX век, веројатно пред 1850 г. по сеќавање на мештаните. Според една верзија, мостот го изградиле монасите од подоцна уништениот манастир „Св. Никола“ во месноста Стар Манастир (Палиомонастирио). Според друга верзија, изграден е од жителите на селото, а според трета, поткрепена од името мост на Пашата (του Πασά το γεφύρι) тој е изграден од турскиот управник на Хисар. Активно се користел сè до 1960-тите.
Мостот има еден лак. Долг е 23 м, широк 3 м и висок 8 м. Краиштата на коловозот по мостот се надолжно оградени со камења, издадени за 10 см над нивото, а истовремено има големи камења во улога на основна ограда и придонесуваат кон убавината на мостот. Ѕидаријата е од делкани камења и малтер, зајакнати со железна арматура.
Во 1995 г. мостот е прогласен за заштитен споменик на културата. Во 1999 г. претрпел реставрација, при што се дополнети камењата што недостасувале.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина)