мини| Ромски фестивал во Тјумен, 2018 година Руските Роми (), познати и како Халадји Роми (, т.е „Војници Роми“), се најголемата подгрупа на Роми во Русија и Белорусија. Првично познати како Руски Роми, тие живеат претежно во Русија и Белорусија, но исто така и во источна и централна Украина, САД, Франција и Канада. Оваа заедница се формирала во северозападниот дел на Руската империја, од полските Роми кои емигрирале во земјата во 18 век.

Руските Роми се поделени на територијални подгрупи, чие име доаѓа од името на локалитетот. На пример, во Русија: Псковски Роми (од Псков), Смољаки (од Смоленск), Сиберјаки (сибирски), Забајкалци (Трансбајкалски) и Бобри.

Во Белорусија: Витебшчуки (од Витебск), Сињаки, Халадоре (војници), Лепенци (од Липејел).

Рускиот ромски јазик содржи некои руски, полски и германски зборови, како и мала количина на руска и украинска граматика. Повеќето Руски Роми се православни христијани, додека повеќето од оние кои што живеат во претежно муслимански области (како што е Кавказ) се муслимани.

Руските Роми во руската историја мини|Ромски музичари во Руската империја, 1865 година мини| Московскиот Ромски театар Гледајќи според јазикот на руските Роми, нивните предци сигурно поминале извесно време во Германија и во Полска пред да дојдат на источнословенски територии. Историските извори почнуваат да споменуваат ромско население на територијата на Русија од почетокот на 18 век. На пример, шкотскиот патник Џон Бел пишувал за Ромите кои доаѓаат од Полска, испратени од регионот Тоболск во 1721 година.

Набргу по нивното пристигнување во Русија, предците на руските Роми се вклучиле во забавување, играње и пеење на големи прослави. Од 19 век, руските Роми кои што живееле во големите градови како Москва и Санкт Петербург, започнале да создаваат ромски хорови, кои набрзо станале многу популарни меѓу руското урбано население. Номадските руски Роми се занимавале со тргување со коњи и со гатање.

Драстична промена во животот на номадските руски Роми се случила во 1956 година, кога со посебен декрет издаден од советската влада им се забранило на Ромите да водат номадски живот. Руските Роми биле приморани да почнат трајно да живеат во куќи, иако се уште се помобилни од неромското население и лесно можат да го променат местото на живеење. Во денешно време руските Роми често живеат дисперзирани, но, тие често бараат дом во области каде што се присутни и други Роми. Руските Роми претпочитаат да живеат во приватни куќи, но не е невообичаено руско ромско семејство да живее во стан.

Забележителни Руски Роми

Николај Шишкин, руска театарска личност Валентина Пономариова, театарска глумица Џон Вик (роден Џардани Јованович), измислен белоруски американски лик и титуларниот протагонист на нео-ноар акциониот трилер филмски серијал Џон Вик, портретиран од Кијану Ривс

Поврзано

Калдераш Ловари Сервитка Рома

Наводи

Надворешни врски

Руски Роми. Информации за ромската култура Страста на Ромите à la russe Триото Колпаков ја носи ромската ренесанса За носијата на Руска Рома, со фотографии

Категорија:Народи во Белорусија Категорија:Народи во Русија Категорија:Народи во Украина