Енипеј () или Мавролонгос (Μαυρόλογγος) — река во Катеринско, Егејска Македонија.

Реката е извира под врвот Кастро на Олимп (2.817 м) и тече најопшто во источен правец. По спуштањето од планината навлегува во Пиериската Низина и проаѓа северно од Литохоро. Тече на североисток и се влева во Егејското Море како регулиран канал северно од Грица.

Поважна природна знаменитост на реката е Енипејската Клисура со Енипејскиот Водопад.

Поврзано Енипејска Клисура Енипејски Водопад Олимп Пиериска Низина

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Олимп Категорија:Дион-Олимп