Ливањско сирење (босански: Livanjski sir/Ливањски сир) — сирење за прв пат произведено во 19 век во областа Ливно, Босна и Херцеговина.

Сирењето ливно се произведува врз основа на француската технологија за правење на сирењето гријер. Првобитно се правело од овчо млеко, а во денешно време главно се прави од мешавина од овчо и кравјо млеко. Неговото созревање е помеѓу 60 и 66 дена во контролирана средина. Вкусот е робустен, а кај постарите сирења вкусот е малку лут. Најголеми производители се Млекара Ливно и Млекара Лура Ливно, со годишно производство кое надминува 500 метрички тони.

Наводи

Категорија:Босанска кујна Категорија:Никулци за сирење Категорија:Кравји сирења