Холандски () — западногермански јазик, мајчин јазик на Холанѓаните. Јазикот е доминантен во Холандија, во повеќе од половината на Белгија и Суринам. Повеќето од говорниците на холандскиот јазик се наоѓаат во Европската Унија, каде е мајчин јазик на околу 23 милиони луѓе, а како втор јазик го зборуваат околу 5 милиони. "1% of the EU population claims to speak Dutch well enough in order to have a conversation." (page 153)http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1498651/Netherlandic-language
Холандскиот е службен во Холандија, Белгија, Суринам, Аруба, Курасао и Свети Мартин. Холандските дијалекти се зборуваат и во делови од Франција или Германија, а во помал дел и во Индонезија,Во Франција се зборува дијалектот познат како француски фламански дијалект. Има околу 80,000 луѓе што зборуваат холандски во Франција; види . Во француската Фландрија има од 50,000 до 100,000 фламански говорници; види . Фламанскиот се зборува во северозападна Франција од околу 20,000 луѓе на секојдневна база и 40,000 луѓе повремено; види .Дијалектен континуум постои меѓу холандскиот и германскиот и луксембуршкиот.Во 1941, 400,000 Индонезијци зборувале холандски, и холандскиот имал силно влијание врз индонезискиот; види . Во 1941, околу 0.5% од населението од внатрешноста имале познавање од холандскиот; види . На почетокот на Втората светска војна, околу 1 милион Азијци имале познавање од холандскиот, а уште пола милион пасивно знаеле холандски; види . Многу постари Индонезијци може да зборуваат холандски како втор јазик; види . Некои од етничките Кинези во Индонезија зборуваат холандски меѓу себе; види , . Холандскиот е зборуван од „мала група говорници“ во Индонезија; види . Некои млади Индонезијци учат холандски како странски јазик бидејќи некои од нивните роднини знаат холандски, и во одредени кругови јазикот се смета за елитен; види . Моментално, само образованите постари лица може да зборуваат холандски; види . Околу 25% од сегашниот зборовен фонд на индонезискиот може да има врска со холандскиот, види . и до пола милион Холанѓани кои живеат во САД, Канада и Австралија. Кејпскохоландските дијалекти во Јужна Африка биле стандардизирани и денес се познати како африканс, јазик кој потекнува од холандскиотАфриканс е јазик-ќерка на холандскиот; види , , , , , . Африканс бил историски наречен кејпскохоландски; види , , , , , . Корените на африканс се наоѓаат во холандскиот од 17 век, односно се заснова на дијалектите на холандскиот како што се зборувале во 17 век; види , , , . Африканс е опишан како креолски, делумно креолизиран јазик, или варијанта на холандскиот; види . и кој денес се зборува од 15 до 23 милиони луѓе во Јужноафриканската Република и Намибија.
Холандскиот е сроден со германскиот и англискиот и се вели дека е помеѓу овие два јазика. Освен тоа што не подлегнал на промената на согласките, холандскиот - како и англискиот - не користи падежи, нема прегласи како граматички бележници и има морфолошки нивелирање. Холандскиот има три рода,Особено зачувани во пишаниот јазик; cf. W. Haeseryn et al. (eds.), Algemene Nederlandse Spraakkunst (2nd ed., 1997), 160–161. но ова разграничување има мали граматички последици одошто тие во германскиот. Холандскиот со германскиот ја споделува употребата на зборовниот редослед подмет-прирок-предмет во независни реченици, и подмет-предмет-прирок во зависни реченици. Холандскиот зборовен фонд е претежно од германско потекло, како и во германскиот и англискиот јазик, но има повеќе позајмени зборови од романските јазици во однос на германскиот, а помалку во однос на англискиот.
Име Јазикот во македонскиот е познат како „холандски“, а матично јазикот се именува како nederlands. Овој поим се користи да се означи целокупниот јазик, со сите свои дијалекти и регионални варијации. Сепак, понекогаш, холандскиот јазик кој се зборува во Белгија се нарекува фламански.
Класификација
индоевропски јазици германски јазици западногермански јазици долнофранконски јазици холандски африканс, креолски јазици засновани на холандскиот јазик
Холандскиот е западногермански јазик, дел од групата на долнофранконски јазици, каде е класифициран со лимбуршкиот јазик, и двата јазика се издвојуваат со мешањето на одликите на долногерманските и горногерманските дијалекти.Friedrich Maurer uses the term Istvaeonic instead of Franconian; see Friedrich Maurer (1942), Nordgermanen und Alemannen: Studien zur germanischen und frühdeutschen Sprachgeschichte, Stammes- und Volkskunde, Bern: Verlag Francke. Од едната страна, холандскиот е дел од дијалектниот континуум со германскиот.
Сите три јазика подлегнале на промена на > , имаат обезвучување на крајна согласка (brood "леб" ), и издолжување на кратките самогласки во акцентирани отворени слогови, што пак довело до контрастивна самогласна должина која се користи како морфолошки бележник. Холандскиот се издвојува од долногерманските и горногерманските по задржувањето на согласните групи и , а се променила во . Тој исто така не развил и-мутација како морфолошки бележник, иако некои источни дијалекти покажуваат знаци на ова. Во раните периоди, долнофранконските се издовојувале од долногерманските по одржувањето на тројниот множински глагол при конјугација, односно -un, -it, -unt (старохоландски) → -en, -t, -en (среднохоландски).
Во современиот холандски, поранешната наставка за второ лице множина (-t) се користиле за второ лице еднина, а за множина сите лица ја зеле наставката -en. (ik maak, jij maakt наспроти wij maken, jullie maken [јас правам, ти правиш наспроти ние правиме, вие правите]). Холандскиот и долногерманскиот покажуваат распад на постарите ol/ul/al + забна согласка во ol + забна согласка, но во холандскиот каде и да било да се појави /l/ таа е преконсонантна, а после кратки самогласки таа е вокализирана, на пример: хол: goud „злато“, zout „сол“, woud „шума“ - ДГ Gold, Solt, Woold : гер: Gold, Salz, Wald.
Со долногерманскиот, холандскиот споделува: развојот на > (хол. vossen „лисици“, ossen „волови“, ДГ Vösse, Ossen и гер. Füchse, Ochsen) → , иако е почесто во холандскиот (хол. zacht „меко“, ДГ sacht и гер.sanft, но хол. lucht „воздух“ наспроти ДГ. гер. Luft) генерализација на дативот за сметка на акузативот за одредени заменки (хол. mij „мене“ (среднохол. di „тебе“), ДГ mi/di наспроти гер. mich/dich) недостаток на втора согласна промена монофтонгизација на *ai > ē и *au > ō, пр., хол. steen „камен“, oog „око“, ДГ Steen, Oog наспроти гер. Stein, Auge, иако ова не е точно за лимбуршкиот (sjtein, oug). Монофтонгизацијата во холандскиот не е целосна, и во некои зборови не е доследна klein („мал“) и geit („коза“). губење на германското -z (што подоцна станало -r) во едносложни зборови. На пример, германскиот збор wir „ние“ одговара со холандскиот wij. Лимбуршкиот немал губење, veer.
Со германскиот, холандскиот споделува: повратната заменка zich (гер. sich). Оваа е преземена од лимбуршкиот, и поради тоа во повеќето дијалекти заменката е hem/haar. дифтонгизација на германските ē² > ie > i и ō > uo > u (хол. hier „тука“, voet „стапало“, гер. hier, Fuß (од постаро fuoz) наспроти ДГ hier [iː], foot) озвучување на предвокалните почетн безвучни алвеоларни струјни согласки, на пример хол. zeven „седум“, гер. sieben и ДГ söven.
Правопис
Холандскиот јазик се пишува со латиница, поточно холандска азбука. Холандската азбука е стандардната латинична азбука, но има еден диграф плус, тоа е ij. Јазикот има висок размер на удвоени букви, како согласки така и самогласки, поради создавањето на сложени зборови, но и поради правописните правила кои се воведени за да се разграничат различните самогласки во холандскиот.
големи буквиABCDEFGHIJKLMNOPQRSTUVWXYZмали буквиabcdefghijklmnopqrstuvwxyz
Во холандскиот надредниот знак две точки (хол. trema) се користи за да се означи самогласка која треба да се изговори поединечно. Во скорешните правописни реформи, црта ги заменила точките во сложените зборови (пример, zeeëend [морска патка] се пишува како zee-eend). Надредниот знак за акцент се користи кај позајмени зборови, на пример café, но може да се користи за потенцирање или разграничување помеѓу две форми. Неговата најчеста употреба е да се разграничи меѓу неопределениот член 'een' и бројот 'één' (еден) (слично како кај македонските се и сè)
Холандскиот како втор јазик
Како странски јазик, холандскиот претежно се изучува во основните и средни училишта кои се во близина на Холандија и Фландрија. Во францускиот дел на Белгија, над 300.000 деца го изучуваат јазикот, но и околу 20.000 деца во германските сојузни држави Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија. Во Франција јазикот го изучуваат околу 7.000 деца (од кои 4.550 се во основните училишта). Холандскиот е главен јазик за предавање во Суринам, дури и за луѓе за кои холандскиот не е мајчин. Het Nederlands op Surinaamse scholen. Short documentary on Dutch in Surinamese schools by the Nederlandse Taalunie Холандскиот јазик се изучува во различни образовни центри во Индонезија, а меѓу нив најпознат е Јазичниот центар Еразмо во Џакарта. Секоја година од 1.500 до 2.000 ученици го изучуваат јазикот во Центарот.Dutch worldwide: Indonesia: old ties, Nederlandse Taalunie, 2008 Вкупно, неколку илјадници Индонезијци го изучуваат јазикот како странски.Waar ben je nou? Nederlands leren in Indonesië. Short documentary on Dutch in Indonesia by the Nederlandse Taalunie
На академско ниво, холандскиот се изучува во над 225 универзитети во над 40 држави. Околу 10.000 студенти во светот учат холандски во универзитетите. Hoeveel studenten studeren er jaarlijks Nederlands aan universiteiten buiten het taalgebied?, Nederlandse Taalunie, 2008 Најголемиот број факултети каде се изучува холандскиот се во Германија (30 универзитети), а потоа следат Франција и САД со по 20 универзитети. 5 универзитети во Обединетото Кралство понуддуваат изучување на холандскиот. Nederlands studeren wereldwijd , Nederlandse Taalunie, 2005 Neerlandistiek Wereldwijd , Nederlandse Taalunie, 2007 Поради минатото владеење на Холандија со Индонезија, старите документи се испишани на холандски. Поради тоа, бројни универзитети го вклучуваат холандскиот како странски јазик, особено за студентите по право и историја. Indonesië , Nederlandse Taalunie, 2008 Така, во Индонезија се добива бројка од 35.000 студенти. Тешко е да се одреди бројката во Јужноамериканската Република, бидејќи академските програми на африканс го вклучуваат и холандскиот. Во остатокот од светот, бројот на луѓе што го изучуваат холандскиот е многу мал.
Поврзано
Холандска азбука Граматика на холандскиот јазик Правопис на холандскиот јазик Фонологија на холандскиот јазик Македонска транскрипција на холандскиот јазик
Наводи
Белешки
Литература
Maurer, Friedrich (1942), Nordgermanen und Alemannen: Studien zur germanischen und frühdeutschen Sprachgeschichte, Stammes- und Volkskunde, Strasbourg: Hünenburg.
Надворешни врски Nederlandse Taalunie, „Холандски јазичен сојуз“ Холандски јазик: изгвоор Македонско-холандски и холандско-македонски разговорник, со вежби и звучни примери
* Категорија:Јазици во Белгија Категорија:Јазици во Холандија