Сточлен ромски оркестар — ромски симфониски оркестар од Унгарија. Основан е во 1985 година, по собирот на унгарските ромски музичари на погребот на Шандор Јарок, познат ромски солист. Облечени во традиционални носии со многу живи бои, свират без ноти, со брзи промени во ритамот, хармонијата и стилот.
Свиреле со светски великани во различни жанрови, од Јехуди Менухин до Софија Лорен, Ванеса Меј, Клаудија Шифер. Покрај традиционалните унгарски чардаши, романската чучулига, руските и шпанските ромски мелодии, свират и дела од Брамс, Лист, Штраус, Бизе, Офенбах, Сарасате, Динику, Монти и други великани на класичната музика.
Состав Оркестарот е составен од 100 изведувачи со следните инструменти: 60 виолини 9 виоли 6 виолончела 10 контрабаса 9 кларинети 6 цимбали
Наводи
Надворешни врски Официјална презентација
Категорија:Оркестри Категорија:Ромска култура Категорија:Појавено во 1985 година Категорија:Музички групи основани во 1985 година