Таљар (, Талјарос) — планина во југозападна Егејска Македонија.
Опис Ова е издолжен планински венец на границите на Гребенско, Кожанско и Костурско (со Населичко). Претставува јужен продолжеток на планинскиот комплекс Горуша, од кој е одвоена со седлото Бафали или Русотари (1.240 м) и реката Капсалија. На некои карти се води како дел од Горуша, но мештаните ја сметаат за посебна планина, што е географски издржано. Од комплексот Скурџа (Пердика) на југ е одделена со седлото Какаранџа (1.220 м), реката Венетик и Жужелска Река, која пак ја двои од источните краишта на Смолика. Југоисточните ридести разграноци на Таљар и Горуша збирно се нарекуваат Гребенски Планини.
Карпите на планината се конгломерати, песочници и меласа.
До врвот Танасула (1.538 м) се стасува од превојот Бафали, низ кој минува патот Жупан - Борботско за околу 2 часа.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Танасула Θανασούλας 1.538 во средиштето, СИ над Жужел Вигла, Сарманџа Βίγλα, Σαρμάντζα 1.452 Дасорахи, Таљар, Кури Δασορράχη, Τάλιαρος, Κουρί 1.358 на СЗ крај, ЈИ над Борботско Коњари, Бари Κόνιαρης, Μπνάρι 1.467 во средиштето, И над Жужел Ликокремасма Λυκοκρέμασμα 1.319 Плака Πλάκα 1.187 на ЈИ крај, С над Дуско Ставрос Σταυρός 1.227 Хондра Дендра Χονδρά Δένδρα 1.235 на ЈИ крај, С над Дуско
Поврзано Горуша Пинд
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина) Категорија:Костур (општина) Категорија:Гребен (општина) Категорија:Пинд Категорија:Горуша