Вознесение Христово (, во прев. Мало Вознесение) — пештерна црква во преспанското село Нивици, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Сместена е во југозападниот дел на Преспанското Езеро. Зачувани се само фреските на источниот ѕид и во олтарот, каде се претставени Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст од композицијата „Поклонение на Агнецот“. Над неа е претставена Пресвета Богородица Влахернска, а во проскомидијата е насликан Архиѓаконот Стефан. Фреските се од XV век.

Во 1996 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Вознесение Христово, Нивици Вознесение Христово, Нивици Вознесение Христово, Нивици Категорија:Споменици на културата во Преспа (општина) Категорија:Нивици