Свети Ѓорѓија () — црква во селото Овчарани, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
лево|мини|200п|Остатоците од средновековната црква во подрумот на денешниот храм. Црквата се наоѓа на 2 км северно од селото, близу патот за Крушоради. Во подрумот на денешниот храм се откриени урнатините на средновековна црква, наречена Бела Црква.
Според преданието, остатоците се откриени откако една селанка ги видела на сон и му кажала на свештеникот Георгиос Папуљас каде да копа. Овој храм е од крстовиден тип со надворешен крст и внатрешни димензии на средишната просторија од 2,70 × 2,60 м. Краците имаат нееднакви димензии — јужниот има 1,15, северниот 0,90 - 1,05, а западниот 0,80 м. Апсидата на олтарот е доста оштетена.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Ѓорѓија, Овчарани Ѓорѓија, Обчарани