Свети Ѓорѓи () — манастирска црква во селото Арменско, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1873 г. и е еден од најпретставителните храмови во тој крај. Според Георги Трајчев, манастирот на ова ацрква е основан во 1860 г. За неговата историја тој вели:

На крајот од отоманскиот период во 1912 г. Арменскиот манастир заедно со Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“) во Ајтос и Нередскиот манастир („Св. Лука“) во Неред бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско.

Црквата во архитектонски поглед претставува трикорабна базилика со трем од запад. Олтарниот простор е живописан. Има вреден разбан и насликан иконостас со стари икони.

Прогласена е за заштитен споменик на културата во 1985 г.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Арменско Ѓорѓи, Арменско Ѓорѓи, Арменско Категорија:Споменици на културата во Лерин (општина) Категорија:Појавено во 1873 година