Кучковски Водопад — водопад сместен помеѓу селата Кучково и Горно Свиларе, на поток наречен Река.
Во близина на водопадот се наоѓа археолошко наоѓалиште, кое потекнува од римскиот период со видливи остатоци од ѕидови.
Местоположба Водопадот се наоѓа во атарот на скопското село Кучково, од кое е повеќе оддалечено, додека селото Горно Свиларе е попристапно и поблизу.
Пристап
До водопадот може да се дојде по земјениот пат за караулата „Чашка“, кој започнува од селото Кучково. Откако патот ќе се спушти до самата караула, се продолжува на југ (лево вртење). Откако ќе се поминат стари рударски окна и ископини и ќе се појави малиот поток, ќе се најдете кај водопадот. Од страната на селото Горно Свиларе, пак, на крајот на селото започнува земјен пат кој продолжува кон малата клисура на потокот, на што претходат плавни површини со наноси.
Туризам
Водопадот не е туристички претставен, иако Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај се обидувале да пронајдат решенија за развој на наоѓалиштето.
Галерија
Поврзано Кучково Горно Свиларе
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Водопади во Македонија Категорија:Кучково Категорија:Горно Свиларе