Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Горничево, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во XIX век и се наоѓа во западниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со камбанарија на запад. Внатре има убав резбан иконостас и 29 вредни икони — 21 од XIX век (меѓу нив четири од 1897 г.) и 6 од почетокот на XX век. Се чува и евангелие со сребрена опкова од 1793 г.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Богородица, Горничево Богородица, Горничево