Света Троица () — преродбенички женски манастир кај градот Воден, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Се наоѓа во Воденското Поле, во месноста Лагот на 3 км од Воден, близу остатоците од Долниот Град на древниот град Едеса. Изграден е во 1865 г. со средства на граѓаните. Манасирската црква трикорабна базилика со три впечатливи куполи кои го симболизираат Светото Тројство. Комплексот вклучува параклиси на Свети Харалампиј, Свети Григориј Палама, Света Клинтикија и Свети Лука Кримски.
Манастирот е изграден врз урнатините на постара црква, срушена во раните години на османлиското владеење. Во ѕидовите на црквата се вградени антички архитектонски елементи (сполии) и надгробни плочи. Во 1942 г. манастирот ги изгубил своите имоти и оттогаш станал женски.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Троица Троица, Воден Троица, Воден Категорија:Појавено во 1865 година