Мајчин јазик е петти соло албум на македонскиот гитарист Влатко Стефановски. Содржи 10 песни, од кои повеќето се дела на македонската традиционална музика, како и аранжмани на песни Бистра вода од албумот Калабалак и Успаванка за Радмила М. од истоимениот албум Биело дугме. Албумот бил издаден во октомври 2017 година од Кроација рекордс.

За албумот Насловната страна на албумот содржи фотографија од неговата мајка Нада во улогата на Маша во драмата на Толстој „Жив труп“ од доцните 1940-ти. Во бонус песната гостин е Раде Шербеџија.

Наводи

Категорија:Влатко Стефановски Категорија:Албуми од 2010-тите