Свети Ѓорѓи () — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Во 1914 г. во поранешното турско маало на Пазар се вселиле 400 грчки семејства доселени од источнотракиските гратчиња Странџа (Бинкилич) и Мадитос (Еџеабат). Во 1918 г. митрополитот Константиј Воденски им дал на тракиските доселеници место за иградба на црква во западниот дел на градскиот центар, каде тие ја подигнале. Посветена е на Свети Ѓорѓи, покровителот на Странџа. Во 1944 г. грамот е изгорен од германски единици. По војната, на 21 мај 1948 г. удрен камен-темелник на нова црква од митрополитот Пантелејмон Воденски, и храмот е свечено отворен на 24 март 1957 г.

Опис мини|лево|180п|Икона на Свети Ѓорѓи донесена од грчки доселеници од Странџа, Источна Тракија. Архитект на црквата е Анастасиос Орландос. Има крстокуполен облик и целата е од камен, со исклучок на средишните столбови. Покривот е на четири води со ќерамиди. Има три влеза — од запад, север и југ. Има димензии од 32 (27) м во должина, 19 м во ширина и 19 м висина. На северозапад има куловидна камбанарија.

Во 1965 г. со средства подарени од Странџа е направен нов насликан иконостас. Во 1983 г. започнало живописувањето на храмот од мајсторите Христофанис Вуцинас и Кацјолас во македонска техника. Интересно е тоа што црквата е воедно посветена и на Свети Никола.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Ѓорѓи Ѓорѓи, Пазар Категорија:Појавено во 1957 година