Кабелско семјрежје (кабелски интернет) — достава на семрежјето преку коаксијален кабел односно преку радиочестота. Предноста е во тоа што додека користиме кабелско семрежје телефонската линија ни е слободна. Исто така, брзината на пренос на податоци е поголема од бирачка врска (dial-up) и ISDN, а нуди поголема стабилност од безжичните технологии.

Историски гледано, семрежниот пристап беше возможен преку телефонска линија, како медиум на пренос, со користење на бирачки модем. Како што растеше побарувачката за побрз пристап, се развиваа поновите технологии како што е семрежниот пристап преку мрежа на кабелска телевизија. Тоа овозможува да се добие до неколкупати побрз семрежен пристап отколку со бирачки модем. Кабелското семрежје се пренесува преку истите HFC (hybrid fiber-coax) мрежи преку кои се пренесува кабелската телевизија. Во HFC мрежите, телевизискиот кабел (коаксијален кабел) се користи внатре во соседствата, а оптичките влакна ги поврзуваат соседствата со централните објекти.

Како работи кабелското семрежје? мини|лево|Пресечен коаксијален кабел. Кабелското семрежје работи на тој начин што користи дел од TV (телевизискиот) канал за пренесување податоци, со одредени канали кои се користат за трансмисија од мрежата кон корисникот (надолно), а другите канали за трансмисија од корисникот до мрежата (нагорно). Вообичаено, многу повеќе капацитет се користи надолно, отколку обратно, па токму поради овој факт многу кабелски семрежни услужници забрануваат користење на кабелско семрежје кое вклучува голема употреба на капацитет од корисникот кон мрежата (на пример опслужувачи). Поради тоа што корисниците од еден сегмент го делат кабелското семрежје, доколку капацитетот е надминат, тогаш секој корисник страда.

Кабелското семрежје се состои во трансмисија помеѓу кабелскиот модем на претплатникот кој личи на бирачкиот модем и CMTS (cable modem termination system), кој претставува една голема приклучна (head-end) кутија. Headend-от претставува централна дистрибутивна точка за CATV систем. Тука се примаат видео сигнали од сателити или можеби од други извори, честотата се претвора во соодветните канали, комбинирано со локалните сигнали и се реемитираат во HFC централата. Headend-от е местото каде што најчесто СМТС е сместен. Опсегот на кабелското семрежје е неограничен, и достапен е на секоја локација доколку се пренесува преку соодветна HFC мрежа.

За кабелски семрежен пристап на личен сметач, потребно е крајниот корисник да има кабелски модем. Кабелскиот модем претставува надворешна направа која се поврзува со компјутерот за да се обезбеди брз пристап на податоци преку мрежата на кабелската телевизија. Кабелскиот модем испраќа и прима податоци до и од семрежјето преку постоечката мрежа на коаксијален кабел. Модемот ги преведува кабелските сигнали на истиот начин како што телефонскиот модем ги преведува сигналите добиени од телефонската линија.

Кабелскиот модем ги преведува RF (радиофреквенциските сигнали) до и од кабелската централа во семрежен протокол (IP), кој претставува протокол кој го користат сите компјутери кои се поврзани на семрејжето. Кабелскиот модем се поврзува со компјутерот преку направа која се нарекува Ethernet картичка (Network Interface Card). Оваа картичка овозможува поврзување на кабелот со компјутерот и ги толкува сигналите од кабелскиот модем за да може компјутерскиот софтвер точно да ги прикаже.

Мрежите на кабелските телевизии по својата природа се мрежи со голем пропусен опсег од 550 до 750 MHz http://en.wikipedia.org/wiki/Cable_modem. Овие мрежи традиционално беа изградени како мрежи во еден правец коишто носат 60-100 кабелски телевизиски канали од мрежата до корисникот, од приклучната кутија (Headend) до претплатникот. За семрежниот пренос преку кабелска телевизија сепак е потребна двонасочна мрежа, бидејќи информациите од селектираното мрежно место треба да се трансмитираат до Headend од каде што понатаму се пренасочуваат до мрежното место за кое сме заинтересирани. Повисоките честоти се движат кон корисникот, а пониските честоти се движат во спротивниот правец. Затоа пред да се постават кабелски модеми на мрежата на кабелската телевизија, потребно е да се постави силна двонасочна мрежа на кабелска телевизија. Тоа се прави со надградување на засилувачите во кабелската дистрибутивна мрежа.

Семрежните сигнали се наоѓаат во дигитална зона и потребно е да се интерфејсираат во аналогниот CATV (Cable TV) свет . Овој посредник се нарекува CMTS (Cable Modem Termination System) и вообичаено опслужува 2000-3000 кабелски модеми и е поврзан со податочна врска со висока брзина. Типичен CMTS се состои од влезен интерфејс, насочувач, картичка за кабелски модем и моќен микрообработувач.

Кабелскиот модем може да биде вграден во посебна направа за воспоставување на врската (Set-top box), која е во форма на кутија. Покрај кабелскиот модем, таа „кутија“ содржи и посебен софтвер кој е сличен на пребарувач, е-пошта програма и флеш меморија. Со оваа направа се користат безжична тастатура и глувче и се поврзува со телевизискиот приемник.http://www.smartcomputing.com/Editorial/article.asp?article=articles/2004/w1510/34w02/34w02.asp&guid

Постарите кабелски телевизиски системи треба да бидат надградени за да можат да трансмитираат и кабелско семрежје . Доколку услугата која ја нуди кабелската телевизија е т.н. дигитален кабел, тогаш поголеми се шансите за воспоставување на кебелско семрежје. Треба да се напомене и дека постои можност да се користи кабелско семрежје дури и кога не сте корисник на кабелска телевизија.

Брзина на пренос на податоци

Теоретски максималната брзина на пренос е 30Mbps. Брзината на пренос е постигната благодарение на кабелскиот модем за пренос на информација кој има на располагање еден или два канали со опсег од 6 MHz, што е далеку поголем од пропусниот опсег на класичната телефонска линија од 3 kHz.

Врска со повеќе компјутери

Можно е поврзување на повеќе компјутери на кабелски модем, доколку модемот има сопствен DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) опслужувач, кој доделува на пример преку 30 IP-адреси, па според тоа можат да се поврзат 30 компјутери на еден кабелски модем, кој мора да го поддржува DOCSIS стандардот. Голем број на кабелски модеми имаат можност да се порзат со компјутерот преку USB приклучок или преку мрежните уреди (switch или hub), а компјутерот го регистрира како мрежен адаптер.

Иако еден приклучок на кабелското семрежје може да се дели меѓу повеќе корисници со користење на соодветен софтвер (на пример Microsoft Internet Connection Sharing), сепак се препорачува да се набави SOHO насочувач, кој не е многу скап и кој во суштина претставува направа за делење на една врска помеѓу неколку корисници. SOHO насочувачот нуди можност за заштита од семрежни натрапници преку NAT (network address translation) или firewall (заштитниот ѕид се користи за блокирање на непожелен семрежен сообраќај).http://www.ka9q.net/rr/2computers.html

Бирачко наспроти кабелско семрежје

Претежно постојат три причини кои го прават кабелското семрежје подобро од бирачкото:

• Брзина. Вообичаената брзина на кабелското семрежје од мрежата кон корисникот е 4000-6000 Kbps, што е околу 100-150 пати побрзо од стандардните 56-Kbps на V.90 (или поновите V.92) бирачки модеми. • Достапност. Бидејќи е секогаш вклучен, кабелското семрежје е многу попрактично од бирачки модем каде што се вклучуваме по потреба. Исто така, за кабелското семрежје не е потребна телефонска линија. • Задоцнување. Кај кабелското семрежје, сигналите се пренесуваат со помало задоцнување од бирачите сигнали. Можеби таа разлика во задоцнувањето не е многу значајна кога сурфате на семрежјето, но може да биде од големо значење при мрежното играње.

Безбедност на кабелското семрежје

Постои голем ризик да станете жртва на семрежни натрапници, но тој ризик во голема мера може да се минимализира со преземање на неколку заштитни мерки:

•Антивирусна заштита. Користете добра антивирусна програма и притоа водете сметка секогаш да ја имате најновата верзија. •Firewall (Заштитен ѕид). Користете заштитен ѕид на секој компјутер кој е поврзан на семрежјето. Постојат и бесплатни решенија, како што е ZoneAlarm. •Меѓусебно користење на податотеки. Доколку локално се користат заеднички податотеки на повеќе од еден компјутер во мрежата, тогаш се препорачува користење на SOHO насочувач. Во спротивно, се зголемуваат шансите за влез на семрежни натрапници.

DOCSIS (Data Over Cable Services Interface Specification) стандард

Што е DOCSIS кабелски модем?

Во последните години, телевизиските кабелски оператори го репозиционираат својот бизнис фокус од услужници на телевизиски програми во услужници кои обезбедуваат целосна услуга која вклучува видео, гласовни и податочни телекомуникациски услуги. DOCSIS (Data Over Cable Services Interface Specification) кабелските модеми се едни од основните елементи кои го потпомагаат ова репозиционирање. Досега, најуспешен и најповолен метод за обезбедување на услуги за брз пренос на податоци е преносот кој се извршува преку кабелските модеми кои одговараат на DOCSIS спецификациите.

DOCSIS Одлики

Постојат четири успешни верзии на DOCSIS кабелски модем спецификации: DOCSIS 1.0, DOCSIS 1.1, DOCSIS 2.0, и DOCSIS 3.0 кој е во фаза на развивање. Сите тие овозможуваат зголемени нивоа на способности и функционалности.

DOCSIS 1.0 спецификацијата вклучува технологија која беше достапна во периодот од 1995-1996 год, и стана широко употребувана низ целиот свет. DOCSIS 1.1 спецификацијата обезбедува подобрена оперативна флексибилност, сигурност и компоненти за квалитет на услугите кои овозможуваат навремени услуги. DOCSIS 2.0 спецификацијата овозможува драматично зголемено производство на пренос од корисникот кон мрежата за симетрични услуги. DOCSIS 3.0 спецификацијата е во фаза на развивање во CableLabs и ќе содржи бројни подобрувања, меѓу кои позначајни се можноста за сврзување на каналите и поддршка на IPv6.

Сврзувањето на каналите им овозможува на кабелските оператори флексибилен начин на зголемување на производството на пренос од корисникот кон мрежата и обратно, со брзина во пренос на податоците од стотици Mbps, а можеби и стотици Gbps.http://en.wikipedia.org/wiki/DOCSIS

Сите три печатени верзии на DOCSIS спецификациите се формално одобрени од националните, регионалните и меѓународните организации за развој на стандарди, како што се Општеството за кабелски телекомуникациски инженери (Society for Cable Telecommunications Engineers -SCTE), Европскиот институт за телекомуникациски стандарди( European Telecommunications Standards Institute-ETSI) и Интернационалната телекомуникациска унија (International Telecommunications Union –ITU).

Услуги

DOCSIS 1.0 обезбедува брз пренос на податоци преку кабелски модем до платформата на кабелската индустрија. DOCSIS 1.1 овозможува снабдување со Voice-over-IP telephony (VoIP), интерактивно играње на игри и интервално-засновани услуги. DOCSIS 2.0 го зголемува производството на пренос од корисникот до мрежата до 30 Mbps, што резултира со зголемување на капацитетот за брз пренос на податоци. DOCSIS 3.0 ќе го зголеми капацитетот за најмалку 160 Mbps за пренос од мрежата до корисникот, и за најмалку 60 Mbps од корисникот кон мрежата.

Кабелски модем

Што претставува кабелскиот модем?

Терминот кабелски модем (cable modem) е понов термин кој упатува на модем кој функционира преку обичните кабелски телевизиски мрежни кабли. Зборот „cable“ е кратенка од Cable TV(CATV) Network додека пак „ modem“ е кратенка од MOdulator- DEModulator.

Во основа се поврзува кабелскиот модем на телевизискиот излез за кабелската телевизија и потоа кабелскиот TV оператор поврзува CMTS на неговиот предавател. Всушност терминот кабелски модем е малку несоодветен и води кон друга насока, бидејќи кабелскиот модем повеќе работи како Local Area Network (LAN) посредник отколку како модем.

Принцип на работа