Регистриран заштитен знак е посебен знак кој покажува на определена поединечна или бизнис организација или некој друг правен субјект, кој исклучиво се идентификува со своите потрошувачи преку овој знак од останатите ентитети. Регистрираниот заштитен знак е интелектуална сопственост и вообичаено е поврзан со име, збор, фраза, лого, симбол, дизајн, слика или комбинација од овие елементи.
Регистриран заштитен знак е карактеристичензнак или индикатор кој се користи од страна на поединец, бизнис организации, или други правни лица за да го идентификуваат производот или услугата до потрошувачот и со тоа да направат разлика на своите производи или услуги од оние на другите лица.
Сопственикот на регистрираниот заштитен знак, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на заштитниот знак. Исто така овој термин може да се употреби за јасно препознатливи атрибути кај познати личности.
Во Република Македонија, за спроведување и регистрирање на заштитени знаци се грижи државниот завод за заштита на индустриска сопственост.
Регистрираниот заштитен знак може да биде означен од страна на следните симболи: ™ (за нерегистриран заштитен знак, односно знак што се користи за промовирање или бренд на добра) ℠ (за нерегистриран симбол за услуга, односно знак што се користи за промовирање или бренд услуги) ® (за регистриран заштитен знак)
Регистриран заштитен знак е обично име, збор, фраза, лого, симбол, дизајн, слика, или комбинација на овие елементи.Restatement (Third) of Unfair Competition § 9 (1995)
Исто така постојат и голем број на неконвенционални регистрирани заштитни знаци, како што се знаци кои не спаѓаат во овие стандардни категории, оние кои се засновани на боја, мирис, или звук.
Сопственикот на регистрираниот заштитен знак може да започне правна постапка за да се спречи неовластено користење на неговиот заштитен знак. Често правото за ова е познато и како "обичајно право". Нерегистриран знак е обично само заштитен во географската област во која се користи или географските области во која се очекува дека може да се прошири.
Терминот регистиран заштитен знак е исто така се користи неформално за било кој атрибут по кој едно лице е лесно да се идентификува, како што се познатите одлики на познатите личности. Кога знакот се користи за услуги, а не за производи, понекогаш може да се нарече и заштитен знак за услуга, особено во САД.
Основни концепти
Oсновната функција на регистриран заштитен знак е да се идентификува исклучиво комерцијален извор или потекло на производи или услуги. Со други зборови, заштитните знаци служат за да се идентификува одредена фирма како извор на стоки или услуги. Користењето на знакот на овој начин е познат како употреба на регистриран заштитен знак. Постојат и одредени ексклузивни права за регистриран заштитен знак, преку кои може да се спроведе тужба за заштитен знак.
Треба да се напомене дека правата на регистрираниот заштитен знак обично се јавуваат заради употреба или за да се задржат ексклузивни права над тој знак во врска со одредени производи или услуги, под претпоставка дека не постојат никакви други приговори.
Разната стока и услуги се класифицирани од страна на Меѓународниата класификација на стоки и услуги во Ница во 45 класи на регистрирани заштитни знаци (1-34 покриваат стока и 35-45 услуги). Идејата на овој систем е да се одреди и ограничи продолжувањето на правото на интелектуална сопственост со утврдување на тоа кои стоки или услуги се покриени од страна на знакот и да ги обедини класификациите на системите ширум светот.
Историја Иако постојат многу спорови, ковачите на мечеви во Римско Царство се сметаат за првите корисници на регистрирани заштитни знаци.Gary Richardson, Brand Names Before the Industrial Revolution, National Bureau of Economic Research available at National Bureau of Economic Research
Други значајни регистрирани заштитни знаци кои се користат долго време се Löwenbräu, чиј заштитен знак е сликата на лав од 1383,, и Стела Артоа, која се користи од 1366 година.
Регистрирани заштитни знаци вклучуваат регистрирање на знакот со владата. Најстарите регистрирани заштитни марки во различни земји се:
Велика Британија: 1876 - Црвениот триаголник за пиво во пиварата Bass е првиот заштитен знак кој бил заведен како регистиран заштитен знак во 1875 година.United Kingdom Intellectual Property Office САД: 1884 - сликата на Сампсон-борење со лав беше регистрирана со јаже на Сампсон.
Во 1980 година, имало помалку од десет илјади регистрирани заштитни знаци во САД. Во 2011 година, има повеќе од 300.000.
Симболи Двата симболи поврзани со американските заштитни знаци ™ (заштитен симбол) и ® ( регистриран заштитен симбол) претставуваат статус на знакот и соодветно неговото ниво на заштита. Додека ™ може да се користи со било кое обичајното право за употреба на знак, ® може да се користи од страна на сопственикот на знакот по регистрација со релевантните национални органи, како што е канцеларијата за Патенти и регистирани заштитни знаци во САД (USPTO или del Torrente).
Терминологија
Термините како "знак", "бренд" и "лого" понекогаш се мешаат со "заштитен знак". "Заштитен знак", исто така вклучува било кој уред, бренд, етикета, име, потпис, збор, писмо, број, обликот на стоки, пакување, боја или комбинација од бои, мирис, звук, движење или било која комбинација која е способна за разликување на стоките и услугите на еден бизнис од оние на другите. Мора да биде овозможена за графичко претставување и мора да се применува за стоката или услугите за кои е регистрирана.
Специјализираните типови на регистриран заштитен знак содржат сертифицирана марка и, колективна трговска марка и дефанзивна трговска марка. Марка која популарно се користи да се опише еден производ или услуга (наместо да прави разлика на производ или услуги од оние на трети страни) понекогаш е позната како генерален заштитен знак. Ако знакот станува синоним за тој производ или услуга до степен до кој сопственикот не може да ги спроведе своите сопственички права, заштитниот знак станува генерички.
Регистрација
Законот го смета заштитниот знак како форма на сопственост. Комерцијално право во однос на заштитниот знак може да се воспостави преку моментално користење на пазарот, или преку регистрација на заштитниот знак во канцеларијата за регистрација на одредена јурисдикција. Во некои јурисдикции, правата на заштитниот знак може да се утврдат преку едниот или двата начина. Одредени јурисдикции, генерално, не ги признаваат правата преку употреба. Ако сопствениците на заштитните знаци немаат регистрации за нивните ознаки во такви јурисдикции, степенот до кој тие ќе бидат во можност да ги остварат своите права преку постапката за заштитен знак ќе бидат ограничени. Во случај на спор, овој диспаритет на правата често е нарекуван "прво да поднесе" наспроти "прво да се користи." Други земји, како Германија, нудат ограничена количина на обичајните права за нерегистрирани знаци каде за да добијат заштита, стоките или услугите мора да заземаат многу значајна позиција на пазарот - каде тоа би можело да биде 40% или повеќе процентен удел на пазарот за продажба во одредена класа на стоки или услуги.
Во САД процесот на регистрација вклучува неколку чекори пред заштитниот знак да добие сертификат за регистрација.Registration Process , additional text. Прво, барателот, физичко или правно лице поднесува барање за регистрација, за соодветниот заштитен знак. Пријавата потоа се става во ред со цел да биде примена и да се испита од страна на адвокатот на САД за патенти и заштитни знаци. Второ, по периодот од три до шест месеци примената пријава се разгледува од страна на адвокатот за да биде во сигурнуст дека е во согласност со сите барања со цел да има право за регистрација.TMEP Sec. 700, additional text.
Овој преглед содржи процедурални прашања како што се да се стане сигурен дека стоките или услугите на барателот се идентификувани правилно. Исто така вклучува повеќе суштински прашања, како што е да се стане сигурен дека знакот на барателот не е само описен или дека би можело да предизвика забуна со постоечки регистриран заштитен знак.TMEP Sec. 1200, additional text.
Ако апликацијата има некоректно барање испитувачкиот адвокат ќе издаде барање до барателот за решавање на одредени прашања или одбивање пред регистрација на знакот. По прегледот на заштитниот знак доколку нема никакви проблеми да се решат или барателот има одговори на поставените прашања од испитувањето на адвокатот, барањето ќе биде објавено за опозицијата. Во текот на овој 30-дневен период трети лица кои можат да бидат погодени од регистрацијата на овој знак можат да поднесат приговор постапката да се запре.TBMP Sec. 300 et seq. , additional text. Под услов да не се прифатат забелешките на третите лица и да се одлучи во корист на кандидатот за регистрација на знакот, знакот ќе бидат регистриран во соодветно време.
Надвор од САД, процесот на регистрација е значително сличен на оние кои се наоѓаат во САД освен има еден голем исклучок, во многу земји: регистрацијата се случува пред опозицијата да го каже мислењето. На кратко, ако барањето се разгледува од страна на испитувачот и резултатот е во ред, тогаш се издава предметот за регистриран заштитен знак да биде отворен за опозицијата за период од обично 6 месеци од денот на регистрацијата.
Регистриран заштитен знак има ексклузивно право, вклучувајќи го и правото на ексклузивно користење на заштитниот знак во однос на производите или услугите за кои тој е регистриран. Законот во повеќето надлежности исто така му овозможува на сопственикот да се спречи неовластено користење во однос на производи или услуги кои се идентични или слични на "регистрираните" производи или услуги, а во одредени случаи, да се спречи употреба во однос на целосно различни производи или услуги. Тестот е секогаш дали потрошувачите на стоки или услуги ќе бидат збунети во однос на идентитетот на изворот или потеклото.
Откако правата за заштитен знак се утврдени со посебна надлежност, овие права обично се само извршни во таа јурисдикција, со квалитет кој понекогаш е познат како територијалност. Сепак, постојат голем број на меѓународни заштитни знаци и системи кои се во повеќе од една судска надлежност.
Пребарувања Во САД, база на податоци на регистрирани заштитни знаци ја одржува USPTO. Базата на податоци е отворена за јавноста, но лиценциран адвокат само може да ги бара и да ги толкува резултатите од пребарувањето. Исто така како што знаците се регулирани со федералниот закон, државниот закон и обичајното право, темелното пребарување во однос на достапноста е многу важно. USPTO внатрешно има повеќе информации за трговски марки од она што е јавно обелоденето на официјалното мрежно место за пребарување. На пример, USPTO собира информации за тоа што точно е прикажано во секое лого на заштитниот знак.
Заштитните знаци, исто така, може да се пребаруваат од трети лица во бази на податоци, како на пример LexisNexis, Дијалог (онлајн базата на податоци) и Compu-Марк.
Можност за регистрирација Во повеќето системи, заштитниот знак може да се регистрира ако е во состојба да разликува стоки или услуги и нема да ги збуни потрошувачите за односот меѓу една страна и друга и нема да ги мами потрошувачите со однос на квалитет на производот.
Права на одржување Правата на заштитните знаци мора да се одржуваат преку вистинско законско користење на заштитниот знак. Овие права ќе престанат ако знакот не се користи активно за одреден временски период, обично 5 години во повеќето држави. Во случај на регистрација на знакот, неуспехот да се користи активно законски, може да ја изложи регистрацијата на отстранување од регистарот после одреден период на време врз основа на фактот дека "не-се користи". Не е неопходно сопственикот да преземе акција против сите прекршоци ако може да се покаже дека повредата на сопственикот се смета за мала и безначајна. Ова е со цел да спречи сопствениците постојано да се врзани во судски спор за страв од откажување.