Свети Димитрија () — црква во селото Тушин, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Опис Црквата е гробишен храм, подигнат во југозападниот крај на селото во 1842 г. како што може да се прочита од камениот натпис. Претставува трикорабна базилика со женска црква и затворен трем. Има два влеза. На јужната страна има ниска врата. Покривот е калкански, покриен со плочи. Камбанаријата е четирикатна самостојна градба во северниот дел на црковниот двор.

Женската црква има дрвен парапет и дрвена решетка. Таванот исто така е дрвен, а иконостасот е има резбани царски двери и распетие.

Внатрешноста е живописана во 1866 г. од крушевскиот мајстор Анастас Зограф и неговите синови Вангел, Никола и Коста. Зографскиот натпис гласи: мини|лево|Ктиторскиот натпис

Фреските се поделени на две подрачја — во горното е циклусот на Страстите Христови, а во долното се претставите на низа светци. Во апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небото. Има извадоци од Стариот завет како настанокот на Адам и Ева, нивниот живот во рајот, огрешувањето и истерувањето; од Новиот завет застапено е Рождеството, Воскресението Христово и други мотиви.

Галериja

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Надворешни врски

Наводи

Димитрија, Тушин Димитрија, Тушин Категорија:Појавено во 1842 година