thumb|300px|Земперовото крило на дворецот Цвингер, во кој е галеријата 300px|right|thumb|Заспаната Венера од Џорџоне, ~ 1510 Галеријата на старите мајстори () — уметничка галерија сместена во крило на дворецот Цвингер во Дрезден, Германија. Галеријата е во здание на истакнатиот архитект Готфрид Земпер и има преку 700 слики од старите мајстори од ренесансата до барокот, собирани од изборните кнезови на Саксонија Август II и неговиот син, Август III во првата половина на XVIII век. Во 1746 Август III донел 100 слики од кај војводата на Модена, Франческо III. Во 2007 галеријата лансирала презентација во виртуелниот свет Втор Живот со сите слики од Цвингер.
Галеријата е дел од Државната уметничка збирка Дрезден во сопственост на Слободната Држава Саксонија.
Застапени уметници Галеријата содржи важни дела од италијански ренесансни сликари Рафаел, Џорџоне и Тицијан. Има и значајни маниристички и барокни дела, како и холандски дела од XVIII век, од Рембрант и неговите следбеници, како и фламански дела од Рубенс, Јорданс и ван Дајк.
Италијанци Рафаел Џорџоне Кореџо Тицијан Бернардо Белото Каналето Сандро Ботичели Холанѓани Рембрант и некои негови следбеници Германци Албрехт Дирер Лука Кранах Постариот Ханс Холбајн Постариот Фламанци Јан ван Ејк Петер Паул Рубенс Јакоб Јорданс Антонис ван Дајк Австрици Карл Штерер Шпанци Хосе Рибера Бартоломе Естебан Муриљо Французи Никола Пусен Клод Лорен Грци Ел Греко
Надворешни врски Мрежно место на галеријата
Категорија:Ликовни музеи и галерии во Германија Категорија:Музеи во Дрезден