Свети Атанасиј () — преродбеничка црква во селото Аларе, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм изграден во XIX век. Претставува еднокорабна базилика со тринаесетстрана апсида, срушен нартекс-женска црква на запад и трем на југ. Во нишата на жртвеникот има остатоци од фрески од крајот на XIX век.
На крајот од XIX и почетокот на XX век, иако целото село било под врховенството на Бугарската егзархија, храмот стоел затворен поради спорови меѓу неа и Цариградската патријаршија.
Црквата е прогласена за историски споменик на 6 декември 1994 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Атанасиј, Аларе Атанасиј, Аларе Категорија:Споменици на културата во Постол (општина)