Свети Атанасиј () — преродбеничка црква во селото Желево, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија..

Црквата е гробишен храм јужно од селото, изграден во 1864 г. по иницијатива на првенците хаџи Павле Јанков и Павел Николов Ташов. Изградата била запрена три години поради клевети од гркоманите дека се гради кула, а не црква. Храмот е живописан, но бидејќи натписите на фреските биле на македонски, грчкиот владика Никифор I Костурски одбил да ја освети додека не се отстранат. Натписите се заменети со грчки, но обновени во 1908 г. при фрескописната работа на лазарополските мајстори Ѓорѓи и син му Никола. Во храмот има убав резбан иконостас.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Атанасиј, Желево Атанасиј, Желево Категорија:Појавено во 1864 година Атанасиј, Желево