Свети Архангели Михаил и Гаврил () — средновековна црква кај селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Црквата се наоѓа на 1 км северно од Дупјак, лево крај патот ЕО15 за Костур спроти хотелот „Цамис“. Сместена е меѓу две карпи, во најтесната точка на клисурата кон јужниот влез на Костур. Во подножјето на карпите има мала пештера, често поврзувана со култот кон Архангел Михаил, а двете карпи силно потсетуваат на карпата од Чудото во Хона на Архангел Михаил.
Опис Остатоците од црквата се ископани од костурскиот историчар Панделис Цамисис, кој ја опишал во неговата книга „Костур и неговите споменици“. Црквата е срушена при османлиското освојување на Македонија.
Храмот е изграден во византиски стил и сместен во подножјето на карпите, со квадратни плочи и делумно зачувани фрески.
Меѓу двете карпи има крајпатно параклисче „Св. Архангели“ кое го одбележва местото на средновековниот храм.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Архангели, Дупјак Архангели, Дупјак