Бучимско Езеро — вештачко езеро во близина на селото Бучим по коешто и го добило името. Создадено е на водотек којшто се влева во Тополничка Река од нејзината десна страна.
Местоположба Езерото се наоѓа во непосредна близина на рудникот „Бучим“ од неговата западна страна.Даневски, Т. (2012). „Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидродлагалиште во рудникот за бакар „Бучим“, со преземање на мерки за заштита“. Факултет за природни и технички науки, Институт за рударство, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Штип. стр. 23.
Намена Во езерото се испумпуваат подземните и атмосферските води коишто се слеваат во зоната на рудниот коп. Преливот од езерото во минатото преку суводолица се слевал во Тополничка Река.Даневски, Т. (2012). „Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидродлагалиште во рудникот за бакар „Бучим“, со преземање на мерки за заштита“. Факултет за природни и технички науки, Институт за рударство, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Штип. стр. 45.
Поврзано Бучим Рудник „Бучим“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бучим Категорија:Вештачки езера во Македонија