Dolerus liogaster е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата, антените и градите се црни, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете се црни, а тибиите во основа се црвени. Абдоменот е црн. Обојувањето на телото кај мажјакот е слично како кај женската форма.
Ларвите се појавуваат во мај на растенија од родовите: Festuca и Dactylis.
Возрасните единки достигнуваат должина од 8-9 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е низ цела Европа. Во Македонија видот е собран на Галичица.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 87
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија