Петре Богданов - Кочко (Скопје, - Скопје, ), македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Категоризиран е во првата генерација македонски повоени композитори.
Учесник е во НОВ на Македонија. Во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ ја вршел функцијата референт за школство со задача на слободната територија во Западна Македонија во периодот септември-декември 1943 година да ги организира првите училишта на македонски јазик. Во 1944 година работи околу прашањето на Македонците од Егејска Македонија. Во својство на претставник на Главниот штаб на НОВ и ПОМ определен период е присутен во Егејска Македонија каде ги координира активностите на македонското националноослободително движење од Егејска Македонија со грчкото народноослободително движење.Александар Литовски „Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2009 година“, Организација на Македонците-потомци од Егејскиот дел на Македонија, Битола, 2009. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.
По војната, еден е од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач оствари низа значајни улоги.
Наводи
Литература Дејан Алексиќ, Ацо Димитровски, Јанко Николовски „Петре Богданов-Кочко: еден значаен живот“, Скопје, 2002.
Надворешни врски Сеќавање на Петре Богданов-Кочко по повод 100-те години од неговото раѓање (12.3.1913 - 12.3.2013) — Бранка Костиќ Марковиќ, Сојуз на композиторите на Македонија
Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски тенори Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1988 година Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Членови на СОКОМ Категорија:Починати во Скопје Категорија:Првата генерација на повоени македонски музичари Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ