Див пелинНаучна класификацијаЦарство:PlantaeДивизија:MagnoliophytaКласа: Mangnoliopsida (Eudicota)Ред:Сложеноцветни (Asterales)СемејствоГлавоцветни ()Род:Пелин ()Биномно имеArtemisia vulgarisL. Див пелин или горчлив пелин ( ), е диво растение од семејството главоцветни (Asteraceae), космополит на умерената зона. мини|Див пелин Опис на растението Повеќегодишен плевел, висок 40–200 cm. Стебло со дрвенеста основа, исправено, густо разгрането и цврсто, со црвено-кафена боја. Алтернативни, пердувести лисја на горната страна темно зелени, голи, бели памучно влакнести долу (оваа одлика го разликува од другите пелини). Приземните листови немаат стебленца, додека горните листови се поставени на долги стебленца. Цветовите немаат ливчиња, групирани во долги и густи, кафеаво-жолти метлични соцвети. Цветовите се двополови. Главиците, долги 3–4 mm, широки 2–3 mm, паѓаат во текот на летото. Бројот на семиња е огромен, околу 700.000. Цвета во текот на јули, август и септември.
Ареал на распространетост Расте автохтоно во Европа, Азија и Северна Африка.
Живеалиште Расте насекаде по патишта, на обработливи површини, ливади, покрај границите и на запуштени места, од низините па сè до субалпскиот појас. Лековито е и ароматично, се користи и како зачин. Тоа е алергенско растение.
Употреба Цвеќињата и листовите се користат како додаток на јадењата. Помагаат и при проблеми со исхраната, варењето, анксиозноста. Употребата е ограничена поради токсичноста на состојката наречена тујон.
Галерија
Литература The Plant List (2013). Верзија 1.1. Кралски ботанички градини – Кју – Ботаничка градина во Мисури Младен Јосифовиќ, Милоје Р. Сариќ, ред. (1970—1992): Флора СР Србија, IX, Српска Академија наука и уметности, Белград. Академик Милоје Р. Сариќ, уредник (1989): Лековити растенија на СР Србија, САНУ - Белград. Тринајстиќ Иво (скрипта): Систематика на растенијата, Шумарски факултет во Загреб Љубиша Грлиќ (1980): Диви растенија за јадење, Просвјета, Загреб Ружица Игиќ, Драгана Вуков (2000): Практикум по Виша систематика на растенија, Универзитет во Нови Сад, Природно-математички факултет. Нови Сад Татиќ Б., Блечиќ В., (2002): Систематика и филогенија на вишите растенија, Институт за учебници и наставни помагала, Белград Проф. д-р Радиша Јанчиќ (2010): Речник ботанички морфолошки појмова, вансериско издание САНУ. ТГ Тутин, ед. (1964-1993): Флора Европа, Универзитетот во Кембриџ.
Наводи
Категорија:Пелин Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Ботаника Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Србија Категорија:Ѕвездовидни Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Билки