Чуриловски манастир „Св. Никола“ () — женски манастир кај селото Чурилово, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Манастирот е сместен во северните пазуви на планината Саракина, на 4 км југоисточно од селото Чурилово. Во 1955 г. селото е преименувано во Агиос Николаос по името на манастирот.

Историја Не е позната годината на основање на манастирот, но според митрополитот Филарет Костурски, тој настанал на крајот од XVIII век.

За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908), под раководство на гркоманскиот игумен Григориј од Чурилово, манастирот станал прибежиште за грчките андарти што војвале со четите на МРО. Затоа, на 26 февруари 1905 г. Чуриловскиот манатир е изгорен од четата на Никола Марковски. По неговата пропаст, манастирот станал метох на соседниот Олишки манастир.

Манастирот е возобновен во 1963 г. веќе како женски манастир под раководство на архимандритот Севастијан Стефанопулос. Изградено е ново крило и параклис на „Св. Антониј“. Подигната е и нова манастирска црква во облик на трикорабна базилика. Ќелијата на Павлос Мелас е претворена во музеј.Портал на Костур

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манастири во Костур (општина) Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Цркви во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија