Свети Јован Богослов () — параклис во манстирот „Пресв. Богородица Мавровска“ кај градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Параклисот е залепен за јужниот ѕид на главната манастирска црква. Самиот манастир се наоѓа на западниот брег на Костурскиот Полуостров.
Архитектура Ова е мал еднокорабен храм со дрвен покрив и влез од запад. Апсидата не излегува вон источниот ѕид. Неговиот северен ѕид е и јужен ѕид на манастирската црква, па затова и покривот е едноводен, кој влегува под косината на манастирската црква.
Фрески Целата внатрешност на храмот, како и западната влезна фасада се насликани со фрески. Според надвлезниот натпис, храмот е подигнат во 1552 г. и живописан од зографот Евстатиос Јакову, протонотар на Арта. Во 1536/37 г. истиот мајстор ја живописал црквата на манстирот „Пресв. Богородица Депаличка“ во Епир. Параклисот е наполно насликан во три подрачја, и фреските се зачувани во релативно добра состојба.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Јован Богослов, Богородица Мавровска Јован Богослов, Богородица Мавровска Категорија:Појавено во 1552 година