Дабов лишај (науч.: Evernia prunastri) — вид лишај. Може да се најде во многу умерени планински шуми низ северната полутопка, вклучувајќи делови од Франција, Португалија, Шпанија, Северна Америка и голем дел од средна Европа. Првенствено расте на стеблото и гранките на дабовите дрвја, но обично се наоѓа на кората на други листопадни дрвја и четинари, како што се елата и борот. Талусите се грмушести и кратки, најчесто растат во грмушки и имаат облик на еленски рогови. Бојата варира од зелена до зеленикаво-бела кога е сува, и темно маслинесто-жолто-зелена кога е влажна. Текстурата на талусот е груба кога е сува и гумена кога е влажна. Долго време се користи во модерно производство на парфеми.
Комерцијална употреба Комерцијално се бере во земјите од јужна и средна Европа и обично се извезува во Франција, каде што неговите миризливи соединенија се екстрахираат и се користат во индустријата. Овие суровини често се користат како фиксатори на парфеми и ги формираат основните ноти на многу мириси. Лишајот има изразен и сложен мирис и може да се опише како дрвенест, остар и помалку сладок.
Галерија
Категорија:Лишаи Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија