Света Троица или Свети Дух () — црква во некогашното село Робово, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

По прогонот на сето домородно население, во 1922 г. во Робово се населиле грчки доселеници од Тракија, а во 1928 г. и Грци од Понт. Дојденците во прво време ја користеле старата македонска црква „Св. Никола“, изградена околу 1830 г. Во 1935 г. ја изградиле оваа црква, а до неа направиле и училиште. Црквата е подигната со трудот на сите жители, а мајстори биле Стилијанос Пападопулос, Леондис Орфанидис, Николаос Киријакидис, Николаос Орфанидис, Георгиос Пападопулос, Макариос Орфанидис, Герамисос Пападопулос, Јоанис Пападопулос и Хараламбос Киријакидис. На северозапад има куловидна камбанарија.

Поврзано Полјанско-кукушка епархија

Наводи

Троица, Робово Троица, Робово Категорија:Појавено во 1935 година