Западен Мидлендс (англ. West Midlands) е еден од деветте официјални региони во Англија. Ја зафаќа западната половина од областа позната како Мидлендс. Главен и најголем град е Бирмингем. Други поголеми градови се Ковентри и Шрузбери.
Во Ворикшир се наоѓаат градовите Стратфорд на Авон, родното место на писателот Вилијам Шекспир, Рагби, местото од каде потекнува рагбито и Нунејтон, родното место на Џорџ Елиот.
Географија Во склоп на регионот влегуваат церемонијалните грофовии: Херефордшир, Шропшир, Стафордшир, Ворвикшир, Западен Мидлендс и Вустершир. мини| Рурален Шропшир, Лит Хил. Западен Мидлендс зафаќа површина од 13.004 км2 (7-мо место) и на запад се граничи со Велс, на северозапад со регионот Северозападна Англија, на исток со регионот Источен Мидлендс, на југ со регионите Југоисточна Англија и Југозападна Англија.
Највисокиот врв во регионот е Црна Планина, со 703 метри (2.307 ft) во западен Херефордшир на границата Велс. Најдолгата река во Обединетото Кралство, реката Северн, минува низ југоисточниот дел од регионот низ градовите Шрузбери и Вустер и клисурата Ајронбриџ која е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.
Градови Поголеми градови во регионот Западен Мидлендс се:
Бирмингем е седиште на Англиканската епархија во Бирмингем од 1905 година, и е самоуправен град; со него раководи градоначалник од 1838 година. Ковентри е седиште на Епархијата Ковентри од 1121 година ( освен периодот од 1661 до 1918 година), има локална власт и со него раководи градоначалник од 1345 година, кога била издадена посебна кралска повелба.The history of Coventry Cathedral on the cathedral's website Retrieved on 28 September 2008 Херефорд е седиште на Епархијата Херефорд од 676 година, самоуправен e и со него раководи градоначалник од 1382 година, кога била издадена посебна повелба од англискиот крал Ричард II. Личфилд е седиште на Епархијата Личфилд од 669 година, кога петтиот епископ на Мерсија, Свети Чед, ја преместил епархијата од Рептон. Стоук на Трент има статус на град со посебна повелба на кралот Џорџ V од Англија од 1922 година, а на 10 јули 1928 година, на чело на Стоук на Трент застанал лорд градоначалник. Вулверхемптон има локална власт и е предводен од градоначалник од 1848 година. Вустер е центар на епархијата Вустер, формирана во 679 година од Теодор од Кентербери.
Историја За време на англосаксонска Англија, овој регион бил дел од територијата на Кралството Мерсија.
На 31 јануари 1916 година, за време на Првата светска војна, неколку места во регионот попатно биле бомбардирани од германскиот авион LZ 61, кој требало да го бомбардира Ливерпул. Загинал 31 цивил, но екипажот на авионот не успеал да се врати во базата - на враќање се урнал во морето.
Во Втората светска војна, Бирмингем бил трет најбомбардиран град во Обединетото Кралство по Лондон и Ливерпул.
Демографија Според податоците од 2012 година, во Западен Мидлендс живеат 5.642.600 луѓе (5-то место меѓу регионите), со просечна густина на населението од 433,91 луѓе/kм².2011 Census, Population and Household Estimates for the United Kingdom : (2011 Census: QS211EW Ethnic group (detailed), wards in England and Wales (ZIP 7239Kb) ) десно|мини| Статуа на Свети Михаил и Сатаната во катедралата во Ковентри Церемонијална Грофовија Население Густина на населението Најголема локална власт Најголем град Западен Мидлендс (регион) 5.267.337 405/км 2 Бирмингем (1.006.500) Бирмингем (1.006.500) Вест Мидлендс (грофовија 2.600.100 2.884/км 2 Бирмингем (1.006.500) Бирмингем (1.006.500) Стафордшир 1.062.500 391/км 2 Стоук на Трент (240.636) Стоук на Трент (259.252) Вустершир 552.900 318/км 2 Вајчавон (116.300) Вустер (93.400) Ворвикшир 522.200 264/км 2 Ворвик (132.900) Нунитон (70.721) Шропшир 451.100 129/км 2 Шропшир (290.900) Телфорд (138.241) Херефордшир 177.800 82/км 2 N/A County of Hereford forms single local government unit (Unitary Authority) Херефорд (50.400)
Економија Во Западен Мидлендс се наоѓаат седиштата на многу производствени капацитети од автомобилската индустрија: Астон Мартин и Ленд Ровер имаат седиште во Гејдон. Главната фабрика на Ленд Ровер Solihull Јагуар Карс, Пежо UK и Ситроен ОК и Ирска Head office, B4110 at Stoke Aldermoor имаат голема фабрика за производство во Касл Бромвич.Jaguar Land Rover, Whitley, Coventry Автомобилски гуми ГудјиарGoodyear, 2920 Trident Court, Solihull Parkway, Birmingham Business Park, Birmingham Производство на гуми за воздухоплови Данлоп 40 Fort Pkwy, Birmingham Гумите Мишелин се прават во Сајдвеј во Стоук на Трент. Bet365 се наоѓа во Етрурија и е најголемиот работодавец во приватниот сектор во Стоук на Трент.
Спорт десно|мини| Сент Џорџс Парк е тренинг центар на фудбалската репрезентација на Англија
Фудбал Клуб лига Град/Град Стадион Капацитет Астон Вила ФК Премиер лига Бирмингем Вила Парк 42.788 Вулверхемптон Вондерерс ФК Премиер лига Вулверхемптон Стадионот Молине 31.700 Бирмингем Сити ФК ЕФЛ Чемпионшип Бирмингем Сент Ендрјус 30.079 ФК Стоук Сити ЕФЛ Чемпионшип Стоук-он-Трент Стадион „Британија“. 28.384 Вест Бромвич Албион ФК ЕФЛ Чемпионшип Вест Бромвич Хауторнс 26.500 Бартон Албион ФК Прва лига Бартон на Трент Стадион Пирели 6.912 Ковентри Сити ФК ЕФЛ Чемпионшип Ковентри Рикох Арена 32.609 Шрузбери Таун ФК Прва лига Шрузбери Стадион Простар 9.875 Волсал ФК Прва лига Волсал Стадионот Беско 11.300 Порт Вејл ФК Втора лига Стоук на Трент Вејл парк 19.052 Кидерминстер Хариерс ФК Национална лига Север Кидерминстер Агборо 6.250
Наводи
Категорија:Региони во Англија Категорија:Западен Мидлендс (регион)