Зелени на Црна Гора (црногорски: Зелени Црне Горе) ― поранешна краткотрајна зелена политичка партија во Црна Гора. Во Владата била службено регистрирана како невладина организација (НВО). Основана била на Установната конференција одржана на 2 февруари 2002 година и била регистрирана како невладина организација на 21 март 2002 година. Основач на НВО-то и најистакнат член бил црногорскиот физичар Драган Хајдуковиќ, кој бил кандидат за претседател на Црна Гора во декември 2002 и февруари 2003 година, двата избори биле прогласени за неважечки поради слабата излезност,Montenegro poll fails BBC News, 9 февруари 2003 и на крај во мај 2003 година, кога завршил на третото место со 4,4% од гласовите.
Поврзано
Зелена партија Зелена политика
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Појавено во 2002 година во Црна Гора Категорија:Политички партии во Црна Гора Категорија:Политички партии појавени во 2002 година Категорија:Европски зелени партии