мини|Oгнометот на oтворањето на Азиските игри во 2006 година лансиран од стадионот Калифа Меѓународен стадион Калифа (), познат и како Национален стадион — повеќенаменски стадион во Доха, Катар, и е дел од комплексот Спортски град Доха. Во овој комплекс исто така спаѓаат Академијата Аспир, Олимпискиот центар за водени спортови Хамад и Кулата Аспир. Стадионот го добива името Калифа во чест на поранешниот емир на Катар, Калифа бин Хамад Ал Тани. Овој стадион бил домаќин на финалето на Азискиот куп на АФЦ во 2011 година. Во 2017 година, бил оценет со четири ѕвезди од Глобалниот систем за проценка на одржливост (GSAS), прв стадион во светот што ја добил оваа оцена. Стадионот вработува околу 30.000 работници.

Историја Стадионот Калифа за првпат е отворен за натпревари во 1976 година. Во 1992 година, на овој стадион се одиграле 15 натпревари од 11-тиот Заливски куп, кој Катар го освоил за прв пат. Во 2005 година стадионот бил реновиран и проширен, за да се зголеми капацитетот од 20.000 на 40.000 седишта. Сето ова било завршено пред почетокот на Азиските игри во 2006 година. Западната страна на стадионот е покриена со кров, а на источната страна има голем лак, кој се користел како платформа за лансирање огномет за време на церемонијата на отворањето на Азиските игри во 2006 година.

Пред реновирањето во 2005 година, стадионот најчесто се користел за фудбалски натпревари, иако e опремен да се користи за голем број на други спортови. Од 1997 година, стадионот е домаќин на годишниот натпревар во атлетика организиран од Дијамантска лига на Доха (претходно познатa под други имиња). На стадионот Калифа се одиграле 6 натпревари од Панарапските игри во 2011 година, и тоа сите натпревари на репрезентацијата на Катар во групната фаза, како и четвртфиналето, полуфиналето и финалето на турнирот.

Стадионот повторно бил отворен во мај 2017 година, по завршувањето на уште едно реновирање. На стадионот се одржало Светското првенство во атлетика во 2019 година.

На 17 декември 2019 година, било одлучено два натпревари од Светското клупско првенство на ФИФА 2019 да се одиграат на овој стадион: натпреварот за петто место како и полуфиналето помеѓу шампионите на КОПА Либертадорес и победникот од мечот 3. По одлуката да биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 година, беше планирано да се зголеми капацитетот на стадионот на 68.000, но тој план подоцна беше променет.

Изградба за Светското првенство Катар Меѓународниот стадион Калифа е еден од осумте стадиони кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година, и е првиот стадион што е завршен.

Спортски настани Домаќин на 17. Куп на Арапскиот Залив Домаќин на Азиските игри во 2006 година Домаќин на Азискиот куп на АФЦ 2011 за натпреварите од групата А, четврт-финалето, полуфиналето и финалето Домаќин на Панарапските игри во 2011 година Домаќин на Светското првенство во атлетика 2019 година Домаќин на 24. Куп на Арапскиот Залив Домаќин на пет натпревари на Светското клупско првенство на ФИФА 2019 година, вклучувајќи го и финалето Домаќин на Арапскиот куп на ФИФА во 2021 година Домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година

Резултати од последните турнири

2011 AFC Азиски куп Датум Време (QST) Тим 1 Резултат Тим 2 Фаза 7 јануари 2011 19:15 часот 0–2 Група А 12 јануари 2011 19:15 часот 0–2 16 јануари 2011 19:15 часот 3–0 21 јануари 2011 19:25 часот 2–1 Четврт финале 25 јануари 2011 19:25 часот 0–6 Полуфинале 29 јануари 2011 18:00 часот 0–1 Финале

Светско првенство во фудбал 2022 година Меѓународниот стадион Калифа ќе биде домаќин на осум натпревари за време на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Датум Време Тим 1 Резултат Тим 2 Фаза Присуство 21 ноември 2022 16:00 часот – Група Б 23 ноември 2022 16:00 часот – Група Е 25 ноември 2022 19:00 часот – Група А 27 ноември 2022 19:00 часот – Група Ф 29 ноември 2022 18:00 часот – Група А 1 декември 2022 22:00 часот – Група Е 3 декември 2022 18:00 часот Победници од Група А – Второпласирани од Група Б Осминафинале 17 декември 2022 18:00 часот Губитници од натпреварот 61 – Губитници од натпреварот 62 Натпревар за трето место

Домаќини на меѓународни натпревари

Пријателски Датум Време (QST) Тим 1 Резултат Тим 2 2009-11-14 19:15 часот 1–0 2010-11-17 19:15 часот 0–1 2010-11-18 18:00 часот 0–1 2010-12-16 18:00 часот 2–1 2010-12-22 16:00 часот 2–0 2010-12-28 19:15 часот 0–0 2013-02-06 21:00 часот 3–1 2018-09-07 19:00 часот 1–0 2018-09-11 19:00 часот 3–0 2018-12-31 20:00 часот 1–2

Наводи

Надворешни врски Меѓународен стадион Калифа

Категорија:Национални стадиони Категорија:Стадиони за Светското првенство во фудбал 2022 Категорија:Згради и градби во Катар