Драган Мијалковски (, ) — македонски поп-пејач.

Животопис Роден е во Бјеловар, Хрватска, но живеел во Македонија уште од детството. Бил популарен во 1970-тите и 1980-тите. Со леснотија пеел поп и нова македонска народна музика. По завршувањето на Техничкото училиште во родното Скопје и неуспешен обид да студира на Високата техничка школа во Битола, во 1969 година, на аудиција Бараме млади таленти, си ја пробал среќата и следниот ден ја направил првата снимка во радио станицата. Тогаш почнале вистинските снимања и подготовки на нови музички материјали. Набрзо, на деветнаесет години, се оженил со сопругата Ели и добил две деца.

Соработувал со врвните композитори: Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ... Учесник е на многу фестивали, а најголеми хитови биле: Иди, душо моја, Наша последња ноћ, У малом граду крај Дунава . . .

Фестивали

Белградска пролет: Тај живот наш, ’73 Иди, душо моја, ’74, второ место (делба на второто место со Бисера Велетанлиќ) Збогом драга, збогом, ’75 Дај ми руке, ’76 Мама, мама, ’78 Опрости Соња, ’83 Иди, душо моја / Песникова гитара, (Ретроспективна вечер на најголемите хитови од фестивалот Белградка пролет), ’88

Опатија: Ја сум твој пријател, ’70 Кога си сама, ’73 Хронично сам заљубљен у тебе, ’79 Перонот 3, ’82

Ваш шлагер сезоне, Сарајево: Не одлази прије јутра, ’73 Опрости, љубави, ’74 Написао бих песму, ’79 Живот за тебе, ’80

Сплит: Фортуна, ’79 Срце своје носим теби, ’82

Загреб: Готово је, ја се женим, ’78

Омладина, Суботица: Не ќе ме познаваш, ’73

Скопје: Не ми требаш повеќе, ’70 Дај ми молњи, ’71 Оди си, ’72, победничка песна (делба на првото место со Сенка Велетанлиќ) Моја малечка гулабице, ’74, победничка песна Кажи нешто драга, ’76, прва награда на публиката Кажи ми, ’77 Фантазија, ’94 Неверна, ’95 Гитаро моја, ’99

Фестивал ЈНА: На разделба, ’73 Земљо наша најскапа, ’75 Земјо се враќам, ’76 Срећан вам празник, војници, ’82 На татковината, ’84 Овде војник јас сум млад, ’86

Хит парада, Белград: Наша последња ноћ, ’74 Успомена једног љета, ’76

Хит лета: Чуваш ли још моја писма, ’77

Златниот Орфеј, Бугарија: Кажи нешто, мила, второ место, ’77

Internationales Schlagerfestival, Dresden: Wie die wolken wandern, ’77

Макфест, Штип: Те љубам, ’87

Валандово: Калино моме, ’85, втора награда на стручното жири Дојранските рибари, ’86 Медена, ’87 Тамбуро моја, ’88 Дојди Лено на перниче бело, ’89, прва награда на публиката Моме ѓаволче, ’90 Опа, опа, ’91 Љубљена, ’92 Илина, 2019, прва награда Солзите на една жена, 2025

Интерфест, Битола: Лебеди, пловете, ’92 Повеќе љубов, ’94

Фестивал Серенада, Битола: Не кажувај ми, 2000 Чекај ме мила моја, 2023

Фолк Фест Владимирово Тука сум роден јас, 2025 Крушата на татко ми, 2026

Наводи

Надворешни врски Музичко портфолио на Драган Мијалковски креирано од ВБУ Музички регистар

Категорија:Македонски пејачи