Дешат — планина на македонско-албанската граница, дел од веригата Шар-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман. Највисок врв е Веливар (Вели Врв) со 2.373 метри. Други високи врвови се Дели Сеница и Сува Бара. Има неколку мали леднички езера. Најпопуларно е езерото Локув, кое се наоѓа на североисточниот дел на планината на 1.560 метри надморска височина и е најниско ледничко езеро во Македонија. Од источната страна тече реката Радика, која ја дели од Бистра и Стогово. Поголем дел од планината е во подрачјето на Националниот парк Маврово.
Релјеф и земјишни облици thumb|250px|лево|Поглед на Дешат од манастирот „Св. Јован Бигорски“ Планината Дешат го зафаќа средишниот дел од корабскиот планински масив (венец), протегајќи се од истоимениот високопланински преслап Дешат (1976 м) и долината на реката Жировница (Валавичарска Река), која воедно ја одделува од планината Кораб на север, до високопланинскиот преслап Сува Бара (2080 м) и долината на Требишка Река која ја одделува од планината Крчин на југВасилески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 13. Вкупната должина на планинскиот срт изнесува 7 километри. На исток оваа планина се протега до котлинското дно на реката Радика, а на запад до источниот рабен дел на Пешкопејската Котлина во соседна република АлбанијаВасилески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 13-14. По нјависоките точки од планинскиот срт минува македонско-албанската граница, а целата источна страна на планината Дешат и припаѓа на територијата на Македонија, додека западната припаѓа на АлбанијаВасилески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово; стр. 14. Вкупната површина што и припаѓа на територијата на Македонија изнесува 53 км2. Најниската точка на планината Дешат на територијата на Македонија се наоѓа при вливот на Требишка Река во Радика на надморска височина од 680 метри, а највисоката е врвот Веливар на 2372 метри, со што релативната виснинска разлика помеѓу овие две точки изнесува 1692 метри.
Позначајни врвови
Веливар (2.375 метри) Голем Крчин (2343 метри)
Геолошки состав
Растителен и животниски свет
Планината е добро покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува буката, од која во голем број се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Во помал број се среќаваат и борот, смреката, јасиката, планинскиот јавор и брезата. Од другите видови на растенија и од оние кои даваат шумски плодови широко распространети се боровинката, малината, капината, шипинката, планинскиот чај, ајдучката трева, киселецот, а папратот во голема мера е застапен на цели ливади и предели. Од растенојадните цицачи ги има еленот, дива свиња, срна, дивокоза. Од ѕверовите се среќаваат мечка, волк, рис, лисица. Има и повеќе видови птици.
Клима и туризам
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Крчин и Дешат — „Македонска нација“
Категорија:Планини во Македонија Категорија:Планини во Албанија Категорија:Македонско-албанска граница Категорија:Дебар (Албанија)