Свети Атанасиј () — црква во селото Црна Река, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1802 г. или во средината на XIX век и има улога на гробишен и парохиски храм. Сместена е во јужниот дел на селото и претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од размери 8,2 × 15,7 м. На исток се издава само нишата на апсидата. Трите кораба на црквата се поделени со пет пара столбови, од кои последниот пар е ад иконостасот. Нартексот, кој првобитно постоел на запад, денес не е зачуван, а тремот со колонади на запад и југ не е дел од првичната градба. Иконостасот е дрвен и резбан. Резбани и насликани се и владичкиот престол и амвонот. Во храмот има икони од зографот Димитар Вангелов од Петрово.

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото ја испратиле следнава телеграма до Отоманскиот парламент:

Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Надворешни врски

Атанасиј, Црна Река Атанасиј, Црна Река Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина)