Нели Ким Фуртадо (; родена на ) — канадска пејачка, текстописец и глумица. Со продадени над 45 милиони музички записи, меѓу кои и 35 милиони албуми, Фуртадо се вбројува меѓу најуспешните канадски музичари. Музичките критичари ја пофалиле за нејзината музичка разновидност и за експериментирањето со жанровите.

Фуртадо стекнала популарност со нејзиниот прв албум, Whoa, Nelly! (2000) од кој произлегле два успешни сингла: „I'm Like a Bird“ и „Turn Off the Light“. Во 2001 година, за песната „I'm Like A Bird“ освоила Џуно награда за Сингл на годината и Греми награда за најдобра женска поп-изведба. Во 2003 година Фуртадо го издала албумот Folklore, од кој биле објавени сингловите: „Powerless (Say What You Want)“, „Try“ и „Força“. Сингловите имале умерен успех во Европа, но албумот се смета за неуспешен во споредба со нејзиниот прв албум.

Третиот албум од Фуртадо, Loose (2006), бил голем светски хит и со продадени над 10 милиони примероци станал нејзин најпродаван албум и еден од најпродаваните албуми во 2000-тите. Од овој албум биле објавени четири сингла кои се искачиле на врвот на топ-листите во многу земји: „Promiscuous“, „Maneater“, „Say It Right“ и „All Good Things (Come to an End)“. Дуетот на Фуртадо со Џејмс Морисон, „Broken Strings“, исто така се искачил на врвот на топ-листите во Европа во 2008 година.

Во 2009 година, Фуртадо го издала нејзиниот прв албум на шпански јазик, Mi Plan. За албумот добила Латино-греми награда за „Најдобар поп-албум од пејачка“. Во 2012, Фуртадо ги издала нејзиниот петти албум, The Spirit Indestructible. Фуртадо ја прекинала соработката со нејзиниот менаџмент и станала независен изведувач, а нејзиниот инди-поп албум, The Ride, го издала во 2017 година под нејзината сопствена издавачка куќа Nelstar Entertainment. Нејзиниот седми албум, 7, бил објавен на 20 септември 2024 година.

Во текот на нејзината кариера Фуртадо добила многу награди и признанија, вклучувајќи една Греми награда (од седум номинации), една Латино-греми награда, 10 Џуно награди, една Британска музичка награда, една награда „Билборд“, една Европска музичка награда од Ем-ти-ви, една Светска музичка награда и три „Much“ музички видеонагради. Фуртадо има своја ѕвезда на канадската Патека на славните. Фуртадо била наградена со признанието „Командант на Редот на принцот Хенри„ на 28 февруари 2014 година, во Торонто, од страна на претседателот на Португалската република.

Рани години Фуртадо била родена на 2 декември 1978 година во Викторија, Британска Колумбија, Канада. Нејзините родители имале португалско потекло и потекнувале од островот Саун Мигел на Азорските Острови;Nelly Furtado Interview at DailyMusicGuide.com се преселиле во Канада кон крајот на 1960-тите. Нели името го добила по советската гимнастичарка Нели Ким. На четиригодишна возраст, почнала да настапува и да пее на португалски јазик. Првиот јавен настап Фуртадо го имала во црква кога пеела дует со нејзината мајка на Денот на Португалија. Почнала учи да свири на тромбон и на укулеле на деветгодишна возраст, а во подоцнежните години учела да свири на гитара и на клавијатури. На 12-годишна возраст почнала да пишува песни, а како тинејџерка настапувала во португалски марширачки бенд.

Дискографија

Whoa, Nelly! (2000) Folklore (2003) Loose (2006) Mi Plan (2009) The Spirit Indestructible (2012) The Ride (2017) 7 (2024)

Наводи

Надворешни врски Официјален портал

Категорија:Канадски пејачки Категорија:Канадски музичари Категорија:Поп-фолк пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Светски музички награди Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Добитници на Греми Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Луѓе со АДХД Категорија:Португалски гитаристи Категорија:Португалски пејачи Категорија:Латино-пејачки Категорија:Добитници на Џуно награда Категорија:Канадски гитаристи Категорија:Канадски филантропи Категорија:Канаѓани со португалски потекло