Рождество на Пресвета Богородица ) или Богородица Гумера (Παναγία Γουμερά) — женски манастир кај селото Матница, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Манастирот се наоѓа на 1 км северно над селото, во јужните пазуви на Беласица.
Историја Основан е на Педесетница, 6 јуни 1971 г. од доселеничкиот понтски собор во Атина и митрополитот Јован Валовишки. Наречен е по истоимениот историски манастир „Пресв. Богородица Гумера“ (X век) во понтското место Халдија. Во него се пренесени вредните предмети од тој манастир — евангелие, пренослива икона на Богородица и мошти. Манастирската црква е еднокорабна куполна базилика.
Поврзано Валовишка епархија
Наводи
Богородица, Матница Богородица, Матница Богородица, Матница Богородица, Матница Категорија:Беласица Категорија:Појавено во 1971 година