Свети Никола () — црква во селото Старчишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1835 г. и се наоѓа во западниот крај на селото. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за XIX век. Украсена е со крстови од тули. На северниот ѕид има керамички натпис „7 март 1835“. Во 1911 г. доградена е впечатлива шестаголна камбанарија од делкан камен. Годината 1911 е напишана во куполата. Внатре има зачувани резбани елементи од 1847 г., како и икони од 1859 и 1864 г. На крајот од XIX до почетокот на XX век „Св. Никола“ била под врховенството на Бугарската егзархија, а „Живоносен Извор“ била под Патријаршијата.
Необично е тоа што внатрешноста е насликана со епизоди од историјата на Бугарија: Покрстувањето на Борис I, Проповед на светите браќа Кирил и Методиј, Борис I води битка со непокорните болјари, Борис I го става на престолот Симеон и го ослепува Владимир.Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, с. 192-193. Веројатно овие сцени се дело на зографското семејство Минови, чии претставници во 1883-1884 г. насликале слични фрески во црквата „Св. Димитриј“ во блиското село Тешово, Пиринско.
На почетокот на XX век црквата и селото село биле под врховенството на Бугарската егзархија.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Никола, Старчишта Никола, Старчишта Категорија:Појавено во 1835 година