Свети Никола () — црква во селото Трлис, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е изградена во 1834 г., што е означено на ктиторската плоча уништена кога селото потпаднало под грчка власт. Градбата претставува трикорабна базилика со купола, трем и камбанарија на запад. На запад има женска црква со свој влез. Внатре е зачуван изворниот иконостас со старите икони и резбаните парапети. Иконостасот е богато украсен само во делот на средишниот кораб. Иконите од 1851, 1861 и 1869 г. (Архангел Михаил, Свети Никола, Богородица и др.) се делоа на неврокопскиот иконописец Серги Георгиев. Оние датирани αωιγ (=1813) и αωιδ' (=1814) се донесени од грчките доселеници од Мала Азија и се дело на Кирјаз од Енос (Енез).
Во 2004 г. храмот настрадал во пожар.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Надворешни врски
Никола, Трлис Никола, Трлис Категорија:Појавено во 1834 година Категорија:Трлис