„Тихувај“ - музички албум на македонската група Чалгија саунд систем. Албумот е објавен во 2019 година од издавачката куќа „Профундус“
Содржина Албумот содржи интро и девет песни:Чалгија саунд систем, Тихувај, PFCD 0110, 2019. Вљубен Асан - интро Двете сестри Спомен Елегична Солза Оди си Патот Калуѓерице Тихувај Бесконечна
Технички одлики Албумот е снимен и миксуван во студиото „Профундус“, а снимањето, миксот и мастерингот ги направил Дориан Јовановиќ, кој е продуцент на албумот. На албумот настапуваат членовите на групата: Добрила Грашеска (вокал и стихови), Александра Кузман (виолина), Бошко Мангаровски (канон), Дориан Јовановиќ (уд, бас и електроника) и Филип Крстевски (деф, тарабука и други ударалки). Покрај нив, на албумот гостуваат и членовите на музичкиот состав Вива стрингс: Дејан Тедосиевски (виолончело), Дубравка Зајкова (виола), Димитар Михајловски (виолина), Елена Талевска (виолина) и Ада Јовановиќ Дума (вокал). Фотографијата на внатрешната страница ја направил Гоце Наневски, а дизајнот на обвивката е Ладислав Цветковски. Објавувањето на албумот било финансиски помогнато од Министерството за култура.
Наводи
Категорија:Албуми на Чалгија саунд систем Категорија:Изданија на Профундус Категорија:Појавено во 2019 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2019 година Категорија:Албуми од 2019