Кушнички манастир „Пресв. Богородица Косиница“ (или Икосифиниса, ) — женски манастир во Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Манастирот се наоѓа во областа Зихна, на северните падини на планината Кушница. Сместен е меѓу селата Кормишта и Никишјан. До него се стасува по асфалтиран пат долг 6 км, расклон од патот за Кормишта.
Историја Се смета дека манастирот е основан во 518 г. од монахот Герман. Негов втор ктитор е вселенскиот патријарх Дионисиј I. Се претпоставува дека иконостасот во црквата е дело на истакнатиот мијачки мајстор Петре Филиповски - Гарката.
Манастирската црква е живописана во периодот од 1858 до 1864 г. од коринтскиот зограф Матеос Јоану и неговиот помошник, монахот Ананиј.
На крајот на XIX и почетокот на XX век манастирот бил еден од центрите на грчката пропаганда во Источна Македонија, активно придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци.
За време на Втората светска војна бил окупиран од Бугарската армија и изгорел до темел, но црквата останала недопрена. Обновен е во 1960-тите. Разни скапоцени предмети од манастирот денес се изложени во Националниот историски музеј (НИМ) во Софија.
Според пописот од 2011 г. во манастирот живееле 24 лица.
Галерија
Литература Μητροπολίτου Δράμας Διονύσιου Κ. Κυράτσου „Ιστορία και Θαύματα Παναγίας Εικοσιφοινίσσης“, έκδοση της Ιεράς Μονής Εικοσιφοινίσσης, Δράμα 2003 Δρ. Θεοχάρη Μ. Προβατάκη „Η Μονή Εικοσιφοίνισσας η Αχειροποίητος του Παγγαίου Όρους“, έκδοση της Ανώνυμης Τεχνικής Εταιρείας „Μηχανική“, Αθήνα 1998 Βασίλη Άτσαλου „Η ονομασία της Ιεράς Μονής της Παναγίας της Αχειροποίητου του Παγγαίου, της επονομαζομένης της Κοσινίτσης ή Εικοσιφοινίσσης“, έκδοση του ιστορικού αρχείου του Δήμου Δράμας, Δράμα 1995
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Надворешни врски
Богатствата на манастирот Икосифиниса /Косиница/
Категорија:Манастири во Ениќој (општина) Категорија:Цркви во Ениќој (општина) Категорија:Манастири во Драмската епархија Категорија:Цркви во Драмската епархија Категорија:Појавено во 518 година Категорија:Дела на Дебарската школа