Свети Ѓорѓи и Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Враста, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е парохиски храм на селото. Сместена е во неговиот северен дел, до средновековната Врастенска кула и гробиштата. Изградена е врз постар храм од кој останала само камената камбанарија. Тој претходен храм бил изградена на 30 март 1868 г. според натпис на мермерна плоча. Сегашната црква е трикорабна крстовидна базилика со купола. Храмот е живописан и има иконостас во византиски стил.

Во старата камбанарија се вградени римски надгробни релјефи.

Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Петка“, „Св. Павле“, „Свети Бессребреници“ и вонселските цркви „Св. Антониј“ и „Св. Јован Претеча“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Враста Ѓорѓи, Враста Категорија:Појавено во 1868 година