Света Марина () — црква кај селото Рендина, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа јужно од селото. Има забележителна архитектура. Претставува еднокорабен храм во византиски стил со купола. Изградена е во 1869 г. од епирски мајстори, автори на црквата „Св. Димитриј“ во Горно Ставрос, како што е означено на натпис на црквата. Храмот е подигнат врз урнатините на постара градба, веројатно храмот на Артемида во древниот град Аретуса. Султанот на црквата ѝ дал 400 декари обработливо земјиште. Реставрирана е по 1980 г.

Во црквата е најдена икона од 1864 г. на која е претставен прочуениот борец Лиј (на неа наречен Леон), познат од судбината на Димитрија Солунски.

Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија

Наводи

Надворешни врски

Марина, Рендина Марина, Рендина Категорија:Споменици на културата во Бешик Категорија:Појавено во 1869 година