„Вампир-психопат“ — збирка раскази на рускиот писател Јуриј Мамлеев.

Изданија на македонски јазик Збирката била објавена на македонски јазик од издавачката куќа „Темплум“ како 41. книга во едицијата „Магма“, и тоа двапати: еднаш во 2010 година и вторпат во 2022 година. Преводот од руски јазик е дело на Павел Попов. Издание од 2022 година: Книгата, со обем од 136 страници и со димензии од 18 сантиметри, е отпечатена во печатницата „Алма“ во тираж од 100 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-9029-77-1. Графичкото уредување и дизајнот е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Давид Алварез, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и куса биографија на авторот.Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022.

Содржина Збирката „Вампир-психопат“ содржи 15 раскази: „Поинакви односи“ „Петрова“ „Учителот“ „Полигамија“ „Вампир-психопат“ „Дневникот на младичот“ „Стрелба“ „Замав“ „Јама“ „Дневникот на песот-филозоф“ „Едниот“ „Макрокосмос“ „Одлетување“ „Приближување“ „Стаорец“

Наводи

Категорија:Дела на Јуриј Мамлеев Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија