Свети Димитриј () — црква во селото Нигослав, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.
Црквата се наоѓа во центарот на селото и претставува забележителен пример за духовната архитектура од крајот на XIX и почетокот на XX век. Изградена е во 1835 г. Во 1904 г. претрпела значајни штети во пожар. Храмот е трикорабна базилика со женска црква во западниот дел и кос покрив со дрвен таван. Има дрвен иконостас, дело на месни мајстори. Иконите се интересни. Живописан е на крајот на XX век.
Во 1987 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.
Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Четириесет маченици“ и „Успение на пресв. Богородица“.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Димитриј, Нигослав Димитриј, Нигослав Категорија:Споменици на културата во Визалтија Категорија:Појавено во 1835 година