Собор на Дванаесетте Апостоли () — црква во селото Авдамал, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1836 г. како гробишен храм во јужниот дел на селото. Во 1850 г. е опожарена и обновена во 1856 г. Има вреден живопис од средината на XIX век, дело на мијачките зографи Христо, Исаија, Кузман и Серафим Фрчковски.

Во парохијата влегува и храмот „Св. Јован Претеча“.

Во 1984 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Собор Апостоли, Авдамал Собор Апостоли, Авдамал Категорија:Споменици на културата во Визалтија Собор Апостоли Категорија:Појавено во 1836 година